Народниот правобранител при посета на неколку казнено поправни установи во земјава констатирал употреба на физичка сила врз малолетни лица кои се држат во поправните установи. Заменичката Народен правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа на денешната собраниска расправа на надзорната комисија рече дека како последица на лошите услови и третман, децата од поправните установи наместо да се рехабилитират завршуваат понатаму во затвори.
“Децата биле удирани со шамари и гумени палки. Некој тврди дека бил и врзан со лисици. Во разговор со еден малолетник при наша посета, се пожали дека бил удиран со гумена палка. По контрола и анализа било потврдена дека повредата е од тој удар”, изјави Бајрамовска Мустафа.
Зборувајќи за условите во затворите таа посочи дека недостигаат стоматолози, а во Идризово има само една стоматолошка столица која е нефунксионална.
“А иронијата да биде поголема, најголем број од жалбите се за проблеми со заби. Сите третмани се вршат во надворешни амбуланти, затворениците не се здравствено осигурени и морат да платат сами за здравствените трошоци”, рече Бајрамовска Мустафа.
А. Зеќири