• Latest

Народен правобранител: Замена на класичните учебници со дигитални само ако се исполнат сите предуслови

April 29, 2021
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Народен правобранител: Замена на класичните учебници со дигитални само ако се исполнат сите предуслови

April 29, 2021 13:36
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Замислата на Министерството за образование класичните учебници да се заменат со дигитални е во ред, но само ако за тоа се исполнети сите предуслови и доколку се земени предвид можностите на родителите/старателите да им обезбедат технолошки уреди на сопствените деца за да можат да ја следат наставата.

Ова е препораката на Народниот правобранител по реакциите во јавноста за предложената реформа, од следната учебна година да се воведат електронски наместо печатени учебници. За препораката на 23 април е информирано и Министерството за образование и наука со посебен допис.

Државата, смета Омбудсманот, треба да обезбеди сигурен пристап до технологија (компјутер, лап-топ, таблет или паметен телефон) за секое дете во основното образование, бидејќи бесплатното основно образование е со Устав и закон гарантирано. Во спротивно, оценува, одредени ученици ќе бидат дискриминирани кога станува збор за постигнување знаења.

-Народниот правобранител изразува загриженост дека ваквото решение може да создаде класно раслојување меѓу учениците и уште поголемо потенцирање на разликите меѓу децата. Во иста училница може да има дете кое има најнова верзија на технички уред и дете кое поради неможноста на родителите да му набават каков било уред ќе користи печатена (или фотокопирана) верзија на учебник. На овој начин само ќе се потенцира нееднаквоста меѓу учениците и ова истовремено може да има далекусежни импликации по развојот на детето кое ќе користи печатени учебници и кое може да биде жртва на потсмев, неприфаќање и може да развие чувство на помала вредност, односно да се чувствува инфериорно во однос на другите деца, се наведува во препораката.

Народниот правобранител укажува дека осовременувањето на основното образование и воведувањето реформи во насока кон дигитализација на наставниот процес, мора да базира на добра проценка на реалните можности на самите основни училишта, нивните просторни, технички и технолошки капацитети и ресурси со кои во моментов располагаат, како и со проценка на компетенциите на наставниот кадар во однос на степенот на развиеност на нивните дигитални вештини.

-Ваквата замисла е во ред, но само доколку претходно се обезбедат сите предуслови за ефикасна имплементација на оваа новина во образованието, за сите деца, на еднаква основа. Притоа, треба да се земат во предвид и можностите на родителите/старателите да им обезбедат технолошки уреди на сопствените деца за да можат да ја следат наставата. Во спротивно, најпогодени повторно би биле децата од ранливите групи (деца од социјално загрозени семејства, од рурални средини, деца од повеќедетни семејства) кои немаат пристап до електронски уреди и интернет. За реализација на ваквата настава, исто така е нужно и неопходно сите основни училишта да располагаат со соодветна инфраструктура и опрема (опременост со компјутери, паметни табли и други ИКТ средства, постојан и стабилен интернет достапен во секоја училница), потенцира Народниот правобранител.

Според Народниот правобранител, за реализирање на замислата да се воведат дигитални учебници најпрво е потребно да се евалуира дигиталната писменост (компетенциите) на децата и на нивните родители за користење технички уреди (дигитални учебници) и следствено да се преземат мерки за унапредување на овие вештини, како би можело родителите на учениците да бидат во можност да го следат, поттикнат и помогнат процесот на учење на сопствените деца. Реализирањето на обуки за унапредување на дигиталните вештини, како за учениците, така и за нивните родители ќе овозможи олеснето користење на дигиталните учебници во секојдневната настава.

Покрај ова, Народниот правобранител укажува и на забелешките од експертите дека со употребата на дигитални учебници може да се наруши здравствената состојба на учениците, со оглед дека долгорочното изложување пред екрани е штетно по општото здравје на децата.

-Во овој контекст, во последно време во стручната јавност, психотерапевтите се повеќе говорат за појавата на „екранизам“ – болест на модерното време која е предизвикана од предолгата изложеност на децата пред екраните (со прекумерно користење на техничките уреди) што може да предизвика пореметувања во социјалните и комуникативните вештини кај децата, како и неможност за долгорочно одржување на вниманието и концентрацијата. Следствено, според Народниот правобранител, потребно е вклучување на стручни лица (лекари, психијатри, психолози) во проценката на користа во однос на штетата која може да ја предизвикаат дигиталните учебници, пишува во препораката.

Се додава и дека Министерството за образование и наука задолжително треба да го земе предвид стручното мислење во однос на тоа кои деца, на која возраст, колку часа во денот можат да бидат изложени на екрани, а при тоа да немаат негативни последици по здравјето и развојот.

Народниот правобранител изразува задоволство во однос на тоа дека првпат во учебната 2021/2022 година сите учебници ќе бидат достапни во аудио формат и на Брајово писмо за потребите на учениците со оштетен вид и ги поздравува заложбите на Министерството за образование и наука во оваа насока, но потенцира дека секое училиште треба да биде инфраструктурно прилагодено и опремено (со компјутери со тастатура со Брајово писмо, печатари со Брајово писмо, читачи за екрани и друга потребна технологија) за да може во училницата во која ќе бидат вклучени учениците со потполно оштетен вид, истите на еднаква основа со другите деца целосно да учествуваат во образовниот процес.

Народниот правобранител очекува препораката сериозно да биде разгледана и согласно член 34 од Законот за народниот правобранител за преземените мерки и за ставот на Министерството по оваа Препорака да биде известен најдоцна во рок од 10 дена од приемот на овој допис.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ