• Latest

Народна банка: Економските аналитичари очекуваат постепено надминување на кризата и закрепнување во следните две години

October 13, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Економските аналитичари очекуваат постепено надминување на кризата и закрепнување во следните две години

October 13, 2020 12:36
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Постепено надминување на кризата и закрепнување на економијата во следните две години се очекувањата на аналитичарите во земјава, искажани во анкетата на Народната банка спроведена во септември оваа година.

„Во поглед на економската активност, во споредба со претходната анкета, анкетираните аналитичари очекуваат подлабок пад на домашната економија оваа година од 4,3 отсто, но и нешто повисок економски раст во 2021 и 2022 година од 2,7 отсто и 3,4 отсто, соодветно. Слично како и во претходната анкета, ваквите очекувања се поврзуваат со неизвесноста од глобалната криза од вирусот Ковид-19 и можноста за воведување нови рестриктивни мерки за справување со него, неизвесната странска побарувачка и нејзиното влијание врз домашната економија, намалувањето на домашната побарувачка, како и воздржаноста на странските и домашните инвеститори и пониската кредитна активност. Од друга страна, аналитичарите очекуваат дека преземените монетарни и фискални мерки, напредокот во евроатланските интеграции и оптимизмот за пронаоѓање на вакцината којашто би била ефикасна за справување со корона-вирусот, како и забрзаното остварување на капиталните проекти ќе имаат позитивно влијание врз економијата во наредниот период и ќе придонесат за посткризно забрзување на нејзиниот раст“, наведуваат во соопштение од Народната банка.

Резултатите од Анкетата не упатуваат на позначителни промени во очекувањата на анкетираните економски аналитичари за просечната стапка на инфлација.

Анкетата покажува дека просечните очекувања за 2020, 2021 и 2022 година се речиси непроменети во однос на претходната анкета спроведена во јуни и упатуваат на просечна стапка од 0,6 отсто во 2020 година, додека за 2021 и 2022 година и натаму посочуваат на просечна инфлација од 1,3 отсто и 1,6 отсто, соодветно. Оттука, се додава во соопштението, и оцените на анкетираните економски аналитичари упатуваат на очекувања за ниска и стабилна инфлација, како до крајот на оваа година, така и во претстојниот двегодишен период, со постепен раст на цените.

Во соопштението од Народната банка стои дека заклучоците од оваа анкета којашто Народната банка ја спроведува четирипати годишно ги претставуваат ставовите на испитаниците економски аналитичари.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ