Categories

КОМЕНТАРИ Народот е во депресија од избори!

„Да се изгласа договорот во Собрание. Доста ги преплаќаме глупостите на ВМРО-лоповска! Ние мораме да одиме напред, а тие во затвор!“, напиша во коментар Симона Костев, на прашањето на Фејсбук страната на ЦИВИЛ – Дали граѓан(к)ите се за или против предвремени парламентарни избори.

Под статусот има околу педесетина коментари. Дел од нив се избришани поради вулгарности, а дел од нив ги објавуваме во продолжение.

„Не, доста работиме само за избори, треба нешто и за народот да остане, а не само за тие што седат во фотелји“, пишува Елизабета Сашеска.

„Ако се прочисти Избирачкиот список, ако се избришат сите „фантоми“ и починати – тогаш избори ДА. Вака ништо нема да биде реално, „фантомите“ по потреба гласаат два пати, а по потреба (како сега за Референдумот) не излегуваат на гласање. Без прочистен Избирачки список – избори НЕ!“, додаде Вики Ѓоргевиќ.

„Какви избори, се изморивме од избори. А нешто не чини ајде на избори, дајте нешто убаво за народот, затоа и младите избегаа од Македонија. Само лажат кој и да дојде на власт, само нешто ветуваат и на крај ништо, повторно народот пати. Доста со избори“, пишува Ридван Емриу.

„Не бре, какви избори. Народот е во депресија од избори, се иселува од политички с….ња, по 80 визи дневно се бараат само во Германска амбасада, како и во други држави, плус тие со бугарски пасоши што се иселуваат без виза оти не им треба. По 200 луѓе дневно се одат, алооо“, додава Сашко Роскичев.

Бобан Вики Марковски смета дека треба да има избори со Пржинска влада, додека Снежана Крстевска смета дека е неопходно прво да се направи попис за да се види колку жители останаа во државата.

На прашањето на ЦИВИЛ Медиа – дали треба да има предвремени парламентарни избори, во видео изјава една граѓанка вели дека и било убаво во времето на владеењето на Никола Груевски, односно ВМРО – ДПМНЕ. Таа додава дека не е партиски определена и дека не излегла да гласа на референдумот, меѓутоа бара да и се признае гласот. Таа смета дека треба да има избори за да си замине оваа власт. Под видеото има низа коментари, a ние ќе објавиме само неколку:

„Епа од вас пензионерите не можеме ние младите да кинисаме напред“…

„Како ти дадоа стан? Друго што ти дадоа да знаеме сите ние кај да бараме ?“, додава друга граѓанка.

„Не излегла на гласање а бара да и се брои гласот. Под Грујо и било подобро, веројатно и таа лапнала нешто од украденото“, додава друг граѓанин.

ЦИВИЛ Медиа ќе продолжи како и досега да објавува непристрасно и во интерес на граѓанките и граѓаните, а од медиумите бара целосна професионалност и да се придржуваат до правилата за превземање и користење на содржините.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email