• Latest

Нарушувања на правата на мигрантите и бегалците, констатирал Хелсиншки

April 17, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нарушувања на правата на мигрантите и бегалците, констатирал Хелсиншки

April 17, 2018 13:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Неоправдано ограничување на слободата, мачење, понижувачки и деградирачки третман и неоправдано лишување од слобода, говор на омраза и дела од омраза кон мигрантите, се дел од нарушувањата на правата што ги констатира Хелсиншкиот комитет за човекови права во Извештајот за правата на мигрантите и барателите на азил во Македонија во текот на изминатата година. 

– Бегалската криза е добра лекција дека некои територии од областа на почитувањето на правата што сме мислеле дека се освоени, не се, и оти се уште треба да се бориме за нив. Хуманоста што постои на хартија, не постои на дело. Минатата година се соочивме со валкана медиумска кампања, ксенофобија и омраза, рече претседателката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска.

Иако во Извештајот се потенцира дека интензитетот на мигрантската криза е намален во однос на 2016 година, од Комитетот посочуваат дека таа во никој случај не може да се смета за завршена, имајќи ја предвид ранливата состојба во која се наоѓаат, ризикот и опасноста по живот на мигрантите и бегалците кои се уште се во движење.

Во Македонија има околу 200 лица кои се во прифатните и транзитните центри, но според од Комитетот потенцираат дека поголеми можности за нарушување на правата постои за оние лица кои се двжат по нерегуларни патишта.

Затоа од Хелсиншкиот комитет даваат препораки како државата полесно да се справи со ова прашање и нејзиниот одговор да биде согласно меѓународните стандарди.

Елена Брмбеска од Хелсиншкиот комитет вели дека треба да престане праксата на групно депортирање на бегалци и мигранти, во најкус можен рок да се донесе националната стратегија за интеграција на мигранти и бегалци и закон за меѓународна и привремена заштита, како и да се воспостави систем на редовно, навремено и регуларно регистрирање.

Вели дека правото на азил мора да се гарантира за сите лица кои се задржани на македонска територија, а полициското постапување да биде во согласност со меѓународните стандарди. Според ХК, потребна е и поголема заштита на малолетници без придружба, да се реализираат образовни активности во центрите, да не се практикува селективно пропуштање на мигрантите, како и да не им се ограничува слободата на движење. 


Извор: МИА

Tags: бегалциизвештајмигрантиХелсиншки Комитетхуманост
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ