• Latest

Населбата Тризла во Прилеп не е жариште на корона вирус

May 15, 2020
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Населбата Тризла во Прилеп не е жариште на корона вирус

Населбата Тризла во Прилеп не е жариште на заболени од „Ковид -19“. Од појавата на првите заболени во Прилеп на 25-ти март, во оваа населба новозаболен е евидентиран на први мај и оттогаш до денес кластерот брои седуммина.

May 15, 2020 19:47
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Населбата Тризла во Прилеп не е жариште на заболени од „Ковид -19“. Од појавата на првите заболени во Прилеп на 25-ти март, во оваа населба новозаболен е евидентиран на први мај и оттогаш до денес кластерот брои седуммина.

“Петмина од заболените се од две семејства, останатите двајца се од други семејства. Едно лице работи во дуќан во населба Тризла, но не  е жител на населбата. Такашто, не би рекла дека се случува нешто драматично во Тризла, луѓето од овие фамилии се во работен однос, работат во различни фирми во градот. Се врши активен надзор врз нивното здравје како и врз сите останати. Секојдневно сме во контакт и се следат и нивните контакти кои се изолирани. Тоа важи за сите активни 7 кластери во градот. Така ги откриваме во последнава недела новите позитивни случаи“, изјави д-р Татјана Мургоска Станимировиќ , епидемиолог во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Прилеп.

Според градоначалникот Илија Јованоски недозволиво е да се стигматизираат граѓаните на ниту една етничка заедница.

„Сакам како градоначалник, како лекар, но пред се како човек, да кажам дека сум згрозен од вчерашната намера на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која злоупотребувајќи ја состојбата со корона вирусот се обиде да внесе нови поделби помеѓу граѓанините на нашата општина. Никој нема право да стигматизира  и да дискриминира ниту една етничка заедница, дека токму тие се најпогодени од корона вирусот, во случајот Ромите од населбата Тризла -2,“ изјави градоначалникот на Општина Прилеп, додавајќи дека од болеста се заболени граѓани поеднакво од сите етнички заедници. Процентот на заразени граѓани во Тризла -2 како што рече тој е ист како и процентот на заразени граѓани во другите урбани заедници: Центар, Вишне, Ѓогдере и др.

Демантите од  надлежните доаѓаат по вчерашниот прес на ОК на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на која градоначалникот Илија Јовански и претседателот на Советот на Општина Прилеп Миле Талевски (лидер на ОО СДСМ- Прилеп) беа обвинети дека со делењето на хуманитарна помош во Тризла, придонесуваат за ширење на пандемијата. Отворајќи го прашањето дека во оваа населба во последниот период има поголем број на заболени граѓани.

Што се однесува до спроведувањето на владините мерки за постепено повторно отворање на градинките, од Центарот за јавно здравје исто така најавија дека ќе се врши скрининг за градинките во Прилеп на 28-ми и 29-ти мај. Тестирањата ќе се реализираат во ЦЈЗ и во градинките.  Во Прилеп евидентирани се 193 случаи на корона вирус од кои 63 се активни. Три нови случаи на корона вирус се евидентирани денеска во Прилеп, а двајца излекувани.

Климентина Ѓорѓиеска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ