ЗОРАН ИВАНОВ
Грците отсекогаш ни давале корпи, така ни било овде судбински балкански, ни дадоа за антиката, ни дадоа за името, ни даваа за пасошите за кај нашето море и се` така со клетите Грци, од нив само корпа до корпа па сепак, за нивен инает еве не` уште сме тука, не` има и тоа од антиката до ден денешен, нели, а може и не баш од антиката зашто и овие сега наши јужни соседи не ќе се баш оттогаш и оттаму, но да се вратам дома кај нашиве дипломатски аматери кои по предизборни политички поени за пасошите со северна се изнаредија кај Грците по корпа и ај што корпата прво си ја доби оној надлежниот што е по надворешни туку, кажано во оваа една реченица, без ронка поука да извлече, во авантура кај грчката амбасадорка во Скопје, со сета дипломатка тапост, се впушти и новиот за по внатрешни со намера да издејствува пролонгирање на важноста на нашите стари пасоши и кој, под очигледен ентузијастички набој од неколкудневната министерска функција и во видлива желба помпезно да го објави својот прв министерски успех, онака дипломатско дилетантски, си ја доби за себе, но ни ја приреди и нам, нашата најнова грчка корпа.
Текстот е личен став на Авторот.