• Latest
Добро утро со Орданоски

Нашите мили Европејски шупци!

December 15, 2021

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Нашите мили Европејски шупци!

Европејците се како нашите деца, секојдневно ти доаѓа да ги утепаш, ама не можеш ни ден да живееш без нив! Мислам, можеш, како не, ама денот тешко почнува, а никако да заврши...

December 15, 2021 07:20
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

После вчерашните заклучоци на Советот на ЕУ за новото одлагање на почетокот на пристапниот процес за интеграција на земјава во Унијата („што е можно поскоро“ – уууу, еве европска празна фраза што до сега не е чуена!), Македонија по којзнае кој пат ќе си продолжи во продлабочување на внатрешната политичка криза, со сите познати и добро натапкани патеки на споро, но неумоливо тонење кон дното. Додека во месеците што доаѓаат домашните експерти за евроинтеграции и стручњаците за политичка метеорологија ревносно ќе ги толкуваат точките и запирките во јаловите европски документи и повремените лидерски изјави за пријателство и искри на надеж – од тие камења ние цедиме вода за преживување веќе три полни децении – политичката дебата полека ќе се движи кон радикализирање на реториката, барањата, махинациите и пазарењата во домашниот политички театар.

Ќе одиме на спиење со најновите контроверзии што разно-разни политички дејци ќе ги презентираат по вечерните телевизиски дебатни емисии, ќе се будиме со партиски соопштенија со деманти и контра-деманти, па околу пладне до доцна попладне ќе се изредат прес-конференциите на сите кои имаат некого или нешто да исплукаат од спротивниот табор, за вечерта повторно да се преселиме по телевизиските студија во емисии кои сѐ помалку гледачи ги гледаат, а сѐ повеќе портали штуро ги интерпретираат и искривуваат, за од сабајле да може свежо да се демантираат… Бла-бла-бла-бла.

На прв поглед, ситуацијата делува депресивно. На втор поглед, уште побезнадежно. Но…

Но, животот продолжува понатаму. На начин што можеби оние кои имаат помали деца, или се сеќаваат на тие денови (макар и со сегашните внуци и внуки), ќе ме сфатат што сакам да кажам: поголем дел од времето не можеш да разбереш како си бил толку глупав, тотален морон, што ти требало да ги правиш или раѓаш, да си ја растуриш бескрајната удобност и личната слобода во сопствениот живот, со сите секирации, трчања и нервози – и, да, само растечки ужасни трошоци! – што ги произведуваат тие мали, неуморни, размазени, безмилосни, егоистични и беспомошни суштества, тие зомбија што се програмирани како зли џуџиња да ти го упропастат секој божји ден откако се родени… А, потоа, одвреме-навреме, можеби и ретко, но редовно, ќе светне некоја нивна бесценета насмевка, детска гушка или невина солза, кикот, некој блескав бисер со некоја мала глупост што ќе те одземе од смеење, ќе те направи да ги изедеш, да ги здробиш од љубов, така ќе ти го осмислат и часот и денот и животот, што нема грижа донесен од работа, животен партнер со кого одамна само се трпите (или „варате“) или глупак на дебатна политичка емисија што може да ти го расипе расположението!

За тој евро-интегративен живот станува збор, што не можете да го игнорирате, а барем повремено го уживате, и покрај сите умислени, лажливи, игнорантски, самозадоволни шупци од Европската Унија кои со години неуморно и упорно настојуваат да ни ја уназадат нашата и овдешната перспектива на нашите деца, до таму што, почесто одошто не, се прашувате што ќе ни е целото понижување и константно потценување за да нѐ примат во нивниот морално распаднат и неправеден, наводно „ексклузивен клуб“ на нации?! … А, потоа, одвреме-навреме, макар и поретко одошто ние би сакале, ќе проблесне некој добар европски проект или фонд, некоја идеја, инвестиција, некаква искрена помош со која сакаат да нѐ оправат во области во кои ние ни со гол газ не би ја погодиле водата дури и ако среде езеро случајно паднеме во неа. Мислиш дека сѐ знаеш, додека не сфатиш дека тие се, главно, многу подобри од тебе во тоа што тие го знаат и прават, до таму шти и децата би им ги пратил кај нив да учат, да се вработат, да живеат, додека ти овде нив ги пцуеш низ заби.

Европејците се како нашите деца, секојдневно ти доаѓа да ги утепаш, ама не можеш ни ден да живееш без нив! Мислам, можеш, како не, ама денот тешко почнува, а никако да заврши…

Тоа е причината што повторно – после исцрпувачкото, долгогодишно искуство со Грција – ќе мораме, ако сакаме, сега со Бугарија, да продолжиме „добрососедски“ да се „жваљавиме“ со сите нивни фрустрации, завидливости, закани и омрази по повод нашето постоење. Никако не можат да нѐ прежалат, да пораснат, особено откако станаа членки на Унијата.

А и не мораме. Зависи кој од глупаците по нашите телевизиски политички дебати – на кои и самиот повремено учествувам – ќе ни се види поуверлив. Избор секогаш имаме.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ