Со 83 гласа „за“ и двајца „против“ Собранието вчера го донесe новиот Деловник за работа на Парламентот, што ќе се применува од наредниот собраниски мандат. Новиот Деловник е резултат на неколкугодишни разговори меѓу пратениците од овој и минатиот парламентарен состав во рамки на „Жан Моне“ процесот. За новиот Деловник гласаа пратениците од владејачкото мнозинство предводено од СДСМ, пратениците на ДУИ, на ВМРО-ДПМНЕ, на АА и сите други, освен двајцата пратеници на Левица.
Пред да се изгласа Деловникот, вандалите“ на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев предизвикаа инцидент на говорницата во Парламентот, на првото продолжение на 131. седница. Тие постојано бараа седницата да не се одржува, се расфрлаа со листови со амандамните за Предлог Деловникот на Собранието и посегаа по дел од преостанатиот инвентар од претседавачката маса.
Двајца пратеници почнаа да фрлаат со нивните амандамни за Деловникот кон потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, кој ја водеше седницата. Крмов, кој имаше процедурална забелешка, фрлаше со листовите од амандманите и ги искрши компјутерот и телефонот пред претседавачот на Собранието, а потоа нему му се придружи и Апасиев.
Во краткиот продолжеток Апасиев од говорницата праша како може 12 амандмани да бидат прифатени, а другите да не бидат. Апасиев рече дека услов за тие да влезат во Влада по следните избори ќе биде претседателот на Собранието и предлагач на Деловникот Талат Џафери да оди во затвор.
Крмов, исто така, бараше да се прекине седницата фрлајќи го преостанатиот инвентар од претседавачкото место
Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски беше принуден повторно да ја прекине седницата.
На социјалните мрежи, се бележи поларизација. Прокси каналите на Левица на социјалните мрежи се обидоа да предизвикаат широка поддршка, но безуспешно. Несуспешни им беа и обидите да предизвикаат нов 27-ми април, бидејќи народот повеќе не паѓа на политички популизам. Црвена младина (младината на Левица) пишува: „Сами против сите“, седницата уште трае, народе доаѓај пред Собрание“.
Меѓутоа, наместо подршка, наслиничкото однесување на двајцата пратеници наиде на игнорирање во пленарната сала. Додека пак во јавноста, пак, се бележи поголем број подбивни коментари на социjалните мрежи.
За вандалското однесување на пратениците на Левица, се бележат поголем број подбивни коментари објавени во интернет медиумите. На пример:
„Ова летањево хартии, неколкуте микрофони и еден, два преносни компјутери и архиварското администрирање со чевларски манири е некаква хормонална последица, покажување машкост, перчење со пратенички имунитет, само примитивен популистички маркетинг или што и да е, неважно е, важното е што предизборната реа почнува да задушува па само како некаква инфантилна палавост ќе се регистрира вчерашното вандалско дивеење во собранието на пратениците на Левица Крмов и Апасиев, а наспроти неодамнешните јавни закани на уредникот на телевизиската „Заспиј …“ Момироски кој, следејќи го вокабуларот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски дека ќе „апсел, судел и пресудувал“, му излета фрустрирачката закана дека „и глави ќе се тркалаат“… пишува Зоран Иванов во колумната „Засега само хартии летаат ама и глави, нели, ќе се тркалаат“.
„Мицулињата знаат дека Левица е таа која им чепка во гласачкото тело од нивните телиња. Но, просто за неверување е како ги потценуваат нормалните гласачи и со очигледни марифети се обидуваат да ја залепат Левица за други партии, во обид да чепнат и кај неопределените.
А вмрото и левица ти е едно те исто – задртавен националистички ќорсокак и политичко слепо црево. Не може да ти се згади левица, ако не ти се повраќа од вмрото.
Опозициските пајташи – вмровските и левичарските десничари, си исценираат инциденти, а за тоа обвинуваат други. Веќе видено и којзнае колку пати повторено вмронско сценарио“, пишува Јане Ѓорѓиоски во колумната „Евтина провидна и договорена вмровска драма“.
Вчера бевме сведоци на дивеење во собраниската сала, од пратеник на Левица, политичка опција во Северна Македонија којашто работи за друга држава ( Русија), пратеник кој добива месечни примања од граѓаните на Република Северна Македонија, а веројатно добива и други примања од другата држава за која работи против своите сограѓани и против уставното уредување на државата од која се храни.
„Таквото однесување, можеме да се сложиме дека е само моментална демонстрација на циркус ( како што и самите од Левица велат – парафразирано „ќе се мајтапиме“, во неколку прилики), и обид за попречување на работата на Собранието.
Она што не чини, и не само што не чини, туку и создава чувство на несигурност и илјада прашалници, зошто воопшто една политичка партија која е јасно определена и ориентирана кон политиките на светскиот злосторник- Путин, вирее, дивее и соблазнува во македонското собрание?
Затоа што се изгласани. Би бил нај логичниот и точен одговор. Но, за гласачи и општонародно расположение и култура, во наредна прилика.
Кој ќе ги санкционира, има ли воопшто такво расположение, а да не зборувам за одредница по вакви однесувања, бидејќи, ако смеат во Собрание (а смеат), при обезбедување, тогаш можат, смеат и на улица! Каде што им е местото“, пишува Дијана Тахири во колумната „Собрание ми е, двор ми е… и други полови органи на Левица“.
Д.М.