• Latest

Собрание ми е, двор ми е… и други полови органи на Левица

November 21, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Собрание ми е, двор ми е… и други полови органи на Левица

November 21, 2023 10:48
in БЛИЦ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

На една од панел дискусиите минатата година во ЦИВИЛ,  непосредно по протестите за таканаречениот „француски предлог“, се дискутираше токму за говорот на омраза насилството што се поттикнува,  од собраниската говорница.

Учесници на панелот беа пратеници од неколку пратенички групи, кои меѓу другото, изразија спремност и да простат за навредите и говорот на омраза што се слушнаа од говорницата во собрание,  во прилог на решавање и нормализација, и понатамошната работа на собранието, т.е. пратениците.  Ги прашав, дали постои некакво тело, комисија за санкции за непримерно однесување, насилство, говор на омраза итн., одговорија дека размислуваат да формираат такво тело.  Стана збор и за тоа дека пратениците потпишуваат и Кодекс на етичко однесување во Собранието на Република Северна Македонија, со кој се уредуваат основните етички начела, правила и стандарди на однесувањето на пратениците во Собранието.

Во Членот 6  од Кодексот пишува:

(3) Пратеникот се воздржува од постапки и говори со кои може да предизвика омраза, и нетрпеливост и насилство во лична, идеолошка, верска, национална, полова или расна основа.

(4) Пратеникот ги почитува овластувањата на другите избрани и именувани лица, на државните службеници и на другите вработени во Службата на Собранието, нема да врши притисок на нивните работни задачи и нема да поттикнува и помага однесување спротивно на Кодексот.

Но, Кодексите, особено тие за етичко однесување, очигледно е дека се креирани само за потписи и понекоја фотографија. Бидејќи, не само што не се почитува од тие што не се однесуваат според потпишаното, не се однесуваат ниту тие кон кои се врши постојано насилство во различни форми.

Вчера бевме сведоци на дивеење во собраниската сала, од пратеник на Левица, политичка опција во Северна Македонија којашто работи за друга држава ( Русија), пратеник кој добива месечни примања од граѓаните на Република Северна Македонија, а веројатно добива и други примања од другата држава за која работи против своите сограѓани и против уставното уредување на државата од која се храни.

Таквото однесување, можеме да се сложиме дека е само моментална демонстрација на циркус ( како што и самите од Левица велат – парафразирано „ќе се мајтапиме“, во неколку прилики), и обид за попречување на работата на Собранието.

Она што не чини, и не само што не чини, туку и создава чувство на несигурност и илјада прашалници, зошто воопшто една политичка партија која е јасно определена и ориентирана кон политиките  на  светскиот злосторник- Путин, вирее, дивее и соблазнува во македонското собрание?

Затоа што се изгласани. Би бил нај логичниот и точен одговор. Но, за гласачи и општонародно расположение и култура, во наредна прилика.

Кој ќе ги санкционира, има ли воопшто такво расположение, а да не зборувам за одредница по вакви однесувања, бидејќи, ако смеат во Собрание (а смеат), при обезбедување, тогаш можат, смеат и на улица! Каде што им е  местото.


Текстот е личен став на  авторката.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ