• Latest

Наставнички плати: Кои земји во Европа плаќаат најмногу, а кои најмалку?

October 17, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Наставнички плати: Кои земји во Европа плаќаат најмногу, а кои најмалку?

October 17, 2022 12:04
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Често се вели дека наставниците треба да се третираат како херои во едно општество со оглед на нивната одговорност за развојот и едукацијата на идните генерации но иронично кога ќе се погледне нивната плата тие и понатаму се далеку од тоа како општествата гледаат на нив.

Минатиот месец наставничкиот кадар маршираше во Будимпешта во знак на протест против нискиот стандард со кој живеат наставниците. За овој месец најавен е голем штрајк на наставничкиот кадар и во Велика Британија.

Колку се платени наставниците во Европа? Кои земји ги плаќаат наставниците најмногу, а кои најмалку? И колку се променија платите на наставниците во последната деценија?

Официјалните годишни бруто почетни плати во државните училишта во основното и средно образование се движат од околу 4.233 евра во Албанија до 69.076 евра во Луксембург во 2020/2021 година, според податоците од Европската комисија/EACEA/Eurydice.

На Балканот најдобро стојат наставниците во Црна Гора со преку 9.000 евра бруто годишна плата додека наставничкиот кадар во Македонија има 7291евра. Со под 7.000 евра во регионот се Србија и Босна. Наставниците во Финска кои редовно покажуваат најдобри резултати во образованите на светско ниво се наоѓаат на средината на списокот со 30.000 евра годишна бруто плата.

Ако го оставиме настрана Луксембург каде годишната почетна плата во 2020 и 2021 беше над 50.000 евра само уште во две земји, и тоа Швајцарија (66.972 евра) и Германија (54.129 евра).

Годишната плата во Франција и Италија била помалку од половина од онаа во Германија.

Бугарија имаше најниска годишна почетна плата на наставници меѓу земјите членки на ЕУ, од 7.731 евра. Бројката е исто така под 10.000 евра во неколку други земји на ЕУ како Летонија, Словачка, Унгарија, Романија и Полска.

Балканските земји Црна Гора и Северна Македонија, кои се надвор од ЕУ, имаат повисоки плати на наставниците во однос на куповната моќ во неколку земји на ЕУ. Индексот на куповната моќ (2,8) е најголем за германските наставници. Црногорците се на трето место во Европа со индекс 2,5. Македонските наставници заедно со Белгијците се на средината на листата според куповната моќ на нивните плати со индекс 1,7. Најмал стандард во однос на куповната моќ имаат настаниците во Полска со индекс 1,1.

Ако е за утеха наставниците во Македонија и Црна Гора имаат највисоки плати мерено во споредба со минималната плата во земјата. Односот се пресметува со делење на бруто наставничката плата со бруто минималната плата.

Б. Ј.

Извор: novatv.mk

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ