• Latest

Наставничка ја слави победата на ВМРО-ДПМНЕ со погребен крст за Заев!?

December 13, 2016

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Наставничка ја слави победата на ВМРО-ДПМНЕ со погребен крст за Заев!?

December 13, 2016 18:16
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Фотографијата на која наставничката, Жанета Петровска, вработена во Подрачното основно училиште „Кирил и Методи“ во битолското село Логоварди, носи погребен крст за Зоран Заев, синоќа, кога ВМРО-ДПМНЕ славеше изборна победа, предизвика револт кај корисниците на социјалните мрежи, пишува Грин ЦИВИЛ. Граѓани, родители од разни професии го осудуваат ваквото непримерно однесување на наставничката, која најверојатно е партиски кадар или во најмала рака, страстен симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ.

Наставничката Петровска, Грин ЦИВИЛ не успеа да ја контактира, а мобилниот телефон и на нејзиниот сопруг, Стефче Петровски, директор на ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола, бил недостапен. Директорката на централното училиште „Кирил и Методиј“ во Битола, Кристина Полизовска одби да го коментира случајот. „Одбивам да коментирам зашто вие новинарите, изјавите ги вадите од контекст, затоа ќе исклучам. Пријатно“, ни рече во телефонскиот разговор Полизовска.

Нашите убедувања, дека нејзината изјава целосно, ќе биде пренесена како аудио запис, не беа доволни, за да дојдеме во сознание, дали Полизовска како директор, смета дека треба да преземе соодветни мерки, макар наставничката да ја повика на дисциплинска одговорност.

Не успеавме да ја контактираме ниту советничката за образование во Општина Битола, Снежана Петровска. Постојаното префрлање од централата од еден на друг број, завршуваше со исклучување на телефонските линии.

Од Подрачната единица на Државниот просветен инспекторат изјавуваат дека немаат надлежност врз приватното однесување на наставниот кадар.

„Мое лично мислење е дека наставничката се однесувала крајно несериозно, и тоа не е во ред. Но, уличното однесување на наставниот кадар не е во надлежност на Државниот просветен инспекторат. Според Законот за основно образование, ние го следиме однесувањето на наставниците во работно време и на работно место. Сепак, вие како граѓани имате право да составите приговор за однесувањето на наставничката и да го доставите до училиштето, каде што таа работи“, изјави Весна Корлевска, раководител на Државниот просветен инспекторат од Битола.

Одговор дали воопшто и какви мерки ќе бидат преземени против наставничката – крстоносец од Битола, побаравме и од министерот за образование, Пиштар Луфтиу. Но, тој не одговори ниту на повикот, ниту на СМС пораката, ниту на електронската порака.

Според правните експерти, нема законски санкции за вакво недолично однесување на кадрите, надвор од работно време.

„Но, секако директорот на училиштето треба да ја повика на дисциплинска одговорност, бидејќи станува збор навистина за морбиден случај. Од друга страна, засегнатата личност, во случајот лидерот на опозицијата Зоран Заев, може да ја тужи за навреда“, изјави Сандра Гавриловска, правен експерт  на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Според, психолозите, наставниците како полујавни личности, треба да знаат дека, дел од нивниот приватен живот е достапен на една поголема група луѓе, меѓу кои и многу деца, чие формирање на личноста не е завршено.

dscn7694

„Тоа значи дека, какво било однесување на наставник, кој за децата е неприкосновен авторитет, може да предизвика воспитување во погрешен правец, којшто не се одрзува само врз самата единка-детето, туку се реперкуира и врз општеството, а најмногу врз личноста која повлекува погрешни потези. Затоа што, ако сакаме да воспитуваме деца, треба првин себеси да се се воспитаме. Нашиот пример го следат децата и нашето однесување, а не она што ние зборуваме или го кажуваме. Децата се одлични критичари на однесувањето и на возрасните. Не се наивни како што мислиме, туку напротив, одлични критичари се на погрешното однесување. Нивниот начин на препознавање е во стилот на ‘црно-бело’, тие одлично знаат да препознаат две работи: што е добро, а што е лошо. Во конкретниотв случај, сметам дека се работи за лице со лошо чувство за хумор, и дека надлежните органи, не треба да ја казнат, туку треба да и купат комплет карти за филмовите од фестивалот ‘Браќа Манаки’, за да може дотичната особа културно да се издигне“, велат психолог, извор на Грин ЦИВИЛ.

Според психијатарот, д-р Сашо Пирганоски, сцената на фотографијата е морбидна, манифестира ниски страсти на личноста која можеби ја понеле емоции, афект…

„Но, треба да се остане интелектуалец. Големината на личноста е да можеш да ги контролираш тие емоции и треба да ги контролираш, зашто си човек. Од друга страна, ако се има предвид фактот дека личноста е дел во образовниот и педагошки процес, сметам дека надлежните треба веднаш да ја повикаат на одговорност. И секако, треба да се има праг на морална сензитивност во вршење на одредени професии, треба да се врши претходна проценка на личностите, кои се избираат да ги работат. Особено во овој случај, кога станува збор за воспитување на деца“, коментира за Грин ЦИВИЛ, психијатарот д-р Пирганоски.

Граѓани на социјалните мрежи најавија дека ќе потпишат петиција, со која ќе бараат надлежните да ја повикаат на одговорност наставничката – крстоносец.

Моника Талеска

Tags: БитолаДржавен просветен инспекторатЗоран ЗаевЛоговардиморбидна кампањаПиштар ЛуфтиуСандра ГавриловскаСашо Пиргановски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ