• Latest

НАТО нема да испраќа војници во Украина, но го засилува присуството на Исток

February 24, 2022
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

НАТО нема да испраќа војници во Украина, но го засилува присуството на Исток

February 24, 2022 13:25
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на земјите членки на НАТО утре ќе се состанат на вонреден самит преку видео врска, денеска на амбасадорско ниво е донесена одлука дополнително да се зајакне присуството на Алијансата во источниот дел и да се зголеми воената подготвеност, пренесе МИА. 

За ова попладнево информираше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата на Северноатлантскиот совет во седиштето на Алијансата во Брисел.

Столтенберг уште еднаш во име на сите 30 земји членки го осуди рускиот напад врз Украина на најостар можен начин, нарекувајќи го нападот брутален чин на војна.

-Ова е страшен миг за безбедноста во Европа, рече генералниот секретар, додавајќи дека целта на Кремљ е да ги врати своите сфери на влијание и да ја ревидира историјата.

На состанокот утрово земјите членки на НАТО одлучија да го зголемат бројот на воени сили во источниот дел од Алијансата сѐ до Медитеранот и да ги активираат одбранбените планови, со што воената команда ќе добие поголема слобода да ги распоредува и движи воените сили, но во политички усогласени рамки, објасни генералниот секретар.

Сепак Столтенберг инсистираше дека трупи во Украина нема да бидат испратени од страна на Алијансата.

-Нема трупи на НАТО во Украина и нема намера за испраќање трупи, го зголемивме нашето присуство во источниот дел од територијата на НАТО. Украина е високо вреднуван партнер на кој му помагаме да изгради поспособни помодерни сили, кои ги обучуваме и опремуваме, рече шефот на Северноатлантската Алијанса.

Тој додаде дека воените сили во Украина се многу поспособни од 2014 кога се случи првата руска инвазија во Украина.

Столтенберг исто така увери дека директен судир помеѓу Русија и НАТО нема да има затоа што НАТО е најсилниот воен сојуз во светот, и дека принципот на солидарност помеѓу земјите сојузнички е цврст – напад врз било која земја членка на НАТО ќе се смета за напад врз сите и ќе предизвика силен одговор.

-Нашето зголемено присуство на истокот е за да се осигуриме дека нема да се прошири на територијата на НАТО, додека Русија знае дека напад ќе предизвика одговор од сите, таа нема да нападне затоа што сме најсилниот сојуз во историја, ова е најдобар начин да се спречи прелевањето на оваа трагедија, изјави Столтенберг.

Генералниот секретар порача дека од денес повеќе Европа нема да биде иста и дека започнува нова реалност.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ