• Latest
Фото: Платформа Х - @imageofkosovo

НАТО: Присуството на силите во Косово и БиХ може да се зајакне со оглед на развојот на настаните

January 6, 2025

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

НАТО: Присуството на силите во Косово и БиХ може да се зајакне со оглед на развојот на настаните

January 6, 2025 10:01
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, РЕГИОН, ТОП 5
Фото: Платформа Х - @imageofkosovo

Фото: Платформа Х - @imageofkosovo

Share on FacebookShare on Twitter

Косово и во Босна и Херцеговина се предупредуваат на бројни опасности доколку нема зголемена посветеност на Европската унија и НАТО, се вели во извештајот на Парламентарното собрание на НАТО. Недостигот од нормализација на односите меѓу Косово и Србија се споменува како најпредизвикувачкиот проблем за регионот на Западен Балкан, пренесуваат косовските медиуми.

За ова се повикани НАТО и ЕУ да извршат притисок врз Косово и Србија за спроведување на Основниот договор и Охридскиот анекс.

Инцидентите на северот на Косово се аларм за меѓународната заедница во однос на сериозноста на тековните предизвици на Западен Балкан, се заклучува во извештајот на Парламентарното собрание на НАТО за крајот на годината.

Авторот на овој документ, лордот Марк Ланкастер од Велика Британија, ги истакнува моменталните причини и двигатели на главните безбедносни предизвици.

Косово, заедно со Босна и Херцеговина, се сметаат за земји со висок потенцијал за насилство поради меѓуетничките прашања и односите со Србија.

„2023 година беше сведок на значително враќање на насилните конфронтации на северот на Косово. Инцидентите заѕвонија како аларм за меѓународната заедница за сериозноста на тековните предизвици на Западен Балкан. Во регион каде што речиси сите држави и територии бараат евроатлантска иднина, нерешените прашања и во Косово и во Босна и Херцеговина мора повторно да го фокусираат важното внимание на сојузниците: Сојузниците мора да се помират со потенцијалот за поширока дестабилизација што ги претставува овие предизвици“, пишува во извештајот со наслов: „2024 – Западен Балкан: Обновени безбедносни предизвици на прагот на НАТО“. 

Недостигот на чекори кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина се смета за најпредизвикувачки и најнестабилно прашање во регионот.

„Тоа има многу непосредни и значајни влијанија: ги спречува двете земји да ги унапредат процесите за членство во ЕУ, е значаен фактор за регионалната нестабилност, пречка за поблиска и поефикасна регионална економска соработка и придонесува за вакуумите на моќ што создаваат можности за криминални мрежи да го користат регионот како рута, арена и област за трговија со оружје, дрога и луѓе“, се наведува во извештајот.

Според документот, во сржта на косовско-српскиот спор се две главни прашања: непризнавањето на Косово од Србија и пристапот на Владата на Косово кон северните општини населени главно со Срби.

Осврнувајќи се на ризиците, се препорачува и НАТО да размисли за додавање трупи на Косово и Босна и Херцеговина.

„Присуството на силите на НАТО во Косово сè уште може да се зајакне со оглед на развојот на настаните на теренот и во регионот: сојузниците и ЕУ можат да работат заедно за да обезбедат сили посоодветни за нивните цели во Косово и Босна и Херцеговина. Сојузничкото внимание на Косово не може да се игнорира – потенцијално повеќе сили, соодветно позиционирани, се приоритет. Операцијата на КФОР има важна улога, која се протега надвор од спречувањето на насилството, бидејќи служи и како канал за позитивен контакт и градење доверба со сите заедници во Косово и Србија“, се вели во извештајот.

Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ