• Latest

Националната комисија за УНЕСКО изготви мислење за Нацрт-извештајот за заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион

February 8, 2021
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Националната комисија за УНЕСКО изготви мислење за Нацрт-извештајот за заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион

February 8, 2021 16:27
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на Националната комисија на УНЕСКО на денешната втора седница го разгледаа Нацрт-извештајот за состојбата и напредокот во заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион за 2020 година, при што усвоија Мислење упатено до Владата, во кое се вели дека Нацрт-извештајот е во насока на истакнување на заложбите на земјата која значително ги интензивираше своите активности за спроведување на Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО од седницата одржана во Баку во 2019 госина и за исполнување на препораките на Реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО и советодавните тела ICOMOS и IUCN реализирана во 2017 година.

– Имајќи предвид дека Република Северна Македонија останува цврсто посветена на зачувувањето на статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија го разгледа и подетално се запозна со содржината и со постапката на изготвување на Нацрт-извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство (43 СОМ 7В.36), кој ја отсликува состојбата со доброто и предлага Владата на Република Северна Македонија да го разгледа и да го усвои, се наведува во соопштението на Министерството за култура.

Според Комисијата, со оглед на фактот што Нацрт-извештајот претставува официјален документ на државата „подготвен врз основа на информациите што ги отсликуваат комплексните состојби со доброто, преку владината процедура релевантните органи, институции и локалната самоуправа ќе имаат можност да го дадат своето мислење пред неговото официјално усвојување од страна на Владата на Република Северна Македонија, а со цел Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија да го достави до Центарот за светско наследство на УНЕСКО“.

– Поради транспарентност и запознавање на пошироката јавност, Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство (43 СОМ 7В.36), откако ќе биде доставен до Центарот за светско наследство, ќе биде јавно објавен и на веб-страницата на Министерството за култура, се додава во соопштението.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ