• Latest

„Националната републиканска армија“ одговорна за ликвидацијата на Дугина, Стерјовски тврди дека во Албанија нема бугарско малцинство, Мијалков се „чекираше“ во струшкиот затвор

August 22, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

„Националната републиканска армија“ одговорна за ликвидацијата на Дугина, Стерјовски тврди дека во Албанија нема бугарско малцинство, Мијалков се „чекираше“ во струшкиот затвор

August 22, 2022 16:08
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

„Националната републиканска армија“ ја презеде одговорноста за експлозијата на автомобилот на Дарија Дугина

Зад ликвидацијата на ќерката на Путиновиот пропагандист и идеолог, лидер на руските фашисти (како што го нарекува Пономарев),  Александар Дугин – Дарија, која и самата постојано ја оправдуваше руската агресија, стои „Националната републиканска армија“.  Подметнувањето експлозивна направа на нејзиниот автомобил во московскиот регион е партизанска акција, чија цел е да се спротивстави на режимот на Кремљ. Ова на каналот „Февруарско утро“ го објави лидерот на опозицијата во егзил, Илја Пономарев.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

-Во Албанија нема бугарско малцинство. Сета оваа е поврзано со политиката и односот на бугарската држава, што таа го има воопшто со македонската нација и со Македонија, но и секаде каде што има македонско малцинство во другите балкански земји, Бугарија тврди дека тие се Бугари. Бугарија ја прошири својата пропаганда и во областите каде што живее македонското малцинство во Албанија, во областа Гора, Преспа и Голо Брдо, вели лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руските напаѓачи убија двајца цивили во регионот Доњецк изминатиот ден, напиша на својот канал Телеграм, шефот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко.

„На 21 август Русите убија двајца цивили во регионот на Доњецк: во Хеорхиивка и Костијантинивка“, напиша тој.

*

Нуклеарната централа Запорижја работи со ризик од прекршување на прописите за заштита од радијација и пожар, оценува украинскиот нуклеарен регулатор Енегоатом.

„Од 8:00 часот на 22 август 2022 година, нуклеарната централа Запорожје работи со ризик од прекршување на стандардите за радијација и безбедност од пожари. Периодичното гранатирање на АЕЦ Запорижја од страна на руските војници со противвоздушни ракети предизвика сериозен ризик за безбедното работење на фабрика“, се вели во соопштението.

.*

Нема да бидат можни преговори со Русија доколку таа организира ревијално судење на заробените украински бранители, изјави  украинскот претседател Володимир Зеленски во видео обраќањето во неделата навечер.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАТВОР Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска се пријавил во струшкиот затвор, согласно судската покана за издржување на тригодишната затворска казна, објави Телма повикувајќи се на свои информации.

ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го посети згрижувачкото семејство Гошеви кое има згрижено три деца, на возраст од четири, четиринаесет и осумнаесет години, со различни социјални и здравствени ризици.

НАТО ПРЕЛЕТИ Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка денеска извршија прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52, информираат од Министерството за одбрана. Прелетите на стратешките бомбардери Б52, ќе го демонстрираат силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

ВЕЖБОВНИ АКТИВНОСТИ На армискиот полигон „Криволак“ припадници на Вооружените сили на САД кои се дел од мисијата КФОР во Косово изведуваат обука и гаѓање со два воздухоплови од типот УХ-60 „Блек Хок“, кои се реализираат во периодот од 20 до 26 август.

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА Министерството за труд и социјална политика демантира дека имало кратење на висината на средствата за корисниците на Гарантирана минимална помош. Кратењето на споменуваните 1.000 денари, велат од МТСП, се средства кои биле наменети за потрошувачка на енергенси за корисниците на Гарантирана минимална помош во текот на целата година во период на вонредна состојба. Откако Собранието ја укина вонредната состојба во државата, потенцираат од МТСП, овие средства се исплаќаат во месеците на грејна сезона, како што беше и пред нејзиното воведување.

СЛОБОДНА ЗОНА

ВМРО ДПМНЕ не само што е губитник во Центар Жупа и Маврово Ростуше, туку и во Тетово. Нивните фалења дека имаат повеќе гласови од СДСМ во Тетово немаат никакво значење кога ќе се земе во предвид поразот на Алијанса за Албанција. Оставката на Зијадин Села покажува дека секој што ќе се фати на оро со ДПМНЕ нема иднина во македонската политика. Истовремено, Алтернатива која се декларира уште многу порано како јасно проевропска партија освои еден советник и тоа покажува дека албанскиот електорат е за Европа. Еден советник освои и ДПА, онаа партија од каде што АА произлезе, но отворено и јасно се декларира како проевропска во сите скорешни процеси во таа насока. Поразена останува АА, а покрај неа и ВМРО ДПМНЕ, пишува Сотир Габелоски во килумната „ И во Тетово ДПМНЕ е губитник“

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ