Никола Наумоски од Град Скопје на панел дискусијата „Општеството во пандемија, изведувачките уметности на раб на опстанокот“ во организација на ЦИВИЛ истакна дека целата криза со корона била тешка, Владата правела промени за да може да пренамени средства за културни институции.
„Култура во време на корона не ги раздели парите на тие кои учествуваат, туку на тие кои се невработени, музичарите солидарно свиреа и изведуваа за своите членови.
И така успеавме да организираме преку 50 настани во осум скопски општини, исплативме 200 луѓе во првите моменти на короната, ние успеавме на овие луѓе да им најдеме решение.
Причината зошто Градот го направи тоа, а не државата, се должи на процесот на децентарализација, затоа што локалната самоуправа во своите надлежности е поставена да нејзината причина е да биде непосреден комуникатор со граѓаните.
Навистина е неправда еден вработен уметник во овие институции да зема полна плата, па да зима и покачување во последните месеци откако почна корона кризата, а некои невработени како Трајко да земаат некоја минимална плата од Град Скопје.
Ги разбирам и административните пречки, важни се синдикатите во културата, ако немате кој да ви ги брани условите на криза. Треба да имаат здружение за да имаат преговори со Владата, мислам дека не се работело на време да се направи здружение за интересите на уметниците.
На долг рок е она што го правиме е да инвестирам во три нови сцени за уметници кои ќе се изградат во градот од пролет и ќе служат за различни уметници да организираат концерти во паркот, тоа е инвестиција за културата на нашите деца“, истакна Наумоски.