• Latest

Наумов: Вистинското новинарство е секогаш тешко!

November 9, 2017

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Наумов: Вистинското новинарство е секогаш тешко!

November 9, 2017 08:48
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Столе Наумов, новинар со долгогодишно искуство и поранешен член на Советот за Радиодифузија во интервју за ЦИВИЛ Медиа, говори за состојбите со новинарството во Македонија, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумите. 

ЦИВИЛ Медиа: Што за Вас претставува слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот?

Наумов: Ова не е досадно прашање, ова е прашање што секогаш треба да се поставува, затоа што освојувањето на слободата не е ад-хок и не е акутен процес. Тоа е секогаш хронична ситуација којашто вели дека кој и да е на власт ќе се обиде да поклопи, да освои простор којшто треба да биде слободен. Борбата за слобода е вечна работа, бесконечна, и секогаш треба и новинарите и невладините организации и сите оние коишто се засегнати треба да бидат бучни, треба да бидат присутни во јавноста треба да зборуваат и само на тој начин може да се задржи некое пристојно ниво на слобода. Многу е полесно можеби да се освои слободата од некој субјект, од некоја институција, од некоја влада којашто нели ја заробила и слободата и целиот простор и сите институции и целата држава. Многу е полесно да се освои одошто да се одржува таа слобода. Така што нема предавање, нема опуштање, најголем непријател на слободата е спокојството и самозадоволството и залажувањето дека еве сега постигнавме нешто. Тоа е вечна борба којашто постојано бара гласност, постојано бара зборување, постојано бара нервирање на оние коишто имаат моќ и можност да окупираат, можеби не целосната слобода, но простори коишто треба да ги владее слободата.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин ја поддржувате или можете да ја поддржите слободата на говор и медиумските слободи?

Наумов: Со гласност, со зборување. Подобро е да се зборува, макар и погрешно понекогаш. Таа бучава фактички ги нервира тие коишто можат да ја нападнат слободата и ги прави малку попретпазливи во чекорите. Нема друг лек за слободата на изразување освен бучноста. Бучноста, пак, претпоставува интегритет не само кај новинарите туку и воопшто кај граѓаните. А тој пак интегритет во такви времиња, секогаш е врзан со парите, со егзистенцијата. Кога зборуваме за слобода не може да биде слободен човек којшто е егзистенцијално зависен од нешто. Сите овие работи кои ни се случуваат во последно време се врзани со клиентелизам, се врзани со егзистенција. Нешто што не може да се купи со малку пари се купува со повеќе пари. На крајот на краиштата, суштината е таа, кога во еден систем ќе се обезбеди некоја пристојна егзистенција, еве да тргнеме со новинарите, тогаш новинарот е многу послободен. Кога зборуваме за цензура не мислиме само на проблемите со владата и системот. Има и други видови на цензура. На пример, понапредните општества не се соочуваат со владините притисоци. Таму можеш да напаѓаш политичари без проблем, меѓутоа, имаат други видови на притисоци коишто се викаат на пример комерцијална цензура. Комерцијална цензура од аспект на тоа тој што дава пари за реклама на некој начин и те купува да молчиш. Тоа разграничување на маркетингот и рекламите од оние коишто ги прават информациите и коишто ги пишуваат е исто така битна работа и ќе биде многу тешко да се воспостави. Тие плаќаат не за да пишуваш позитивно за нив, туку плаќаат за да молчиш. Во развиените демократии тие коишто плаќаат се свесни дека не можат да купат момент кога ќе погрешат дека тој што му даваат реклама да молчи за тоа, знаат дека ќе добијат коректна информација, дека ќе се јави некој да ги праша. И сфаќаат дека на крајот на краиштата рекламирањето не е купување на благонаклоноста на медиумите и новинарите, туку на фер однос кон сето она што го прават. И секако одбрана од нелојална конкуренција. Тоа е малку идеалистички, но сепак се идеали кон коишто треба да се стремиме.

ЦИВИЛ Медиа: Дали се соочувате со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со нив?

Наумов: Притисоци секогаш има. Новинарството не е работа којашто е лесна. Не е тоа автоматска работа до 3 часот, и потоа си одам дома. Вистинското новинарство секогаш е тешко. Бара некој рударски напор на копање, на постојано истражување, постојана будност и нема работно време. Се лажат оние коишто влегуваат во новинарството и мислат дека ќе бидат спокојни. Нема новинарство коешто е спокојно. На крајот на краиштата тоа е и дражта на професијата. Ако е поинаку тогаш што би барале ние во оваа професија.

Притисоци има, но она што е битно е каков е пристапот и на новинарот, но и на медиумот. Ако ги сфаќаш толку сериозно и здраво за готово, тогаш никогаш нема да бидеш новинар. Тогаш ќе бидеш нешто друго или човек којшто ја користи новинарската професија како отскочна даска за да влезе во администрација, за да влезе во некоја бизнис компанија. Новинарството е прекрасна професија ако се средат колку-толку условите за нејзино егзистирање и ако човек е малку по храбар да се соочи со сите тие предизвици. На крајот сатисфакцијата е многу поголема ако бидете непопустлив. Затоа што на крајот на краиштата сите оние коишто го прават притисокот ги почитуваат многу повеќе оние коишто не потпаѓаат под притисокот, одошто оние кои слугуваат на нивните притисоци.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во контекст на борбата за слободни медиуми?

Наумов: Сите оние коишто се во новинарството да размислуваат со своја глава и треба да се има предвид еден друг момент. Ние се уште водиме некои средовековни дебати за новинарството. Технологијата е многу брза и збунува многу луѓе. Иднината на новинарството секако нема да биде таква каква што ја имаше пред пет години, пред десет години, каква што е денеска. Тие нови технологии нема да ја минимизираат улогата на новинарството како што се мисли, дека медиумите ќе изумрат, се ќе биде твитер и социјални мрежи. На крајот на денот и тие коишто на твитер и на фејсбук пишуваат, сите тие работи некој треба да ги анализира. Некаде прочитав дека професии на иднината се оние коишто ќе знаат да направат анализи на сите тие податоци и да излезат со став и со заклучок. Новинарите ќе треба да бидат тие коишто ќе треба да прават анализи и ќе треба да пишуваат. Вистинското новинарство, не е пиџама новинарство, од дома да седиш и да пишуваш. Тоа треба да се развие, треба да се истражи. Новинарството како професија не може да изумре. Можеби ќе биде во друга форма, во друг обем и на друг начин меѓутоа ќе постои и понатаму.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента
Фотографија: Биљана Јордановска


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Медиумимедиумски слободиновинарслобода на изразувањеСтоле Наумов
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ