На социјалните мрежи објавено видео на кое наводно газдата на една од галиите која Петре Шилегов нареди да биде срушена ги брка работниците кои на терен ја рушат галијата.
Наводниот сопственик на галијата , им се нафрла на работниците со погрдни зборови, и со закани, речиси на клоци ги брка од нивното работно место.
Рушењето на галиите беше едно од главните ветувања на Шилегов и започна на 18 септември годинава, тоа поради тоа што сопственикот со месеци не плаќал кирија за истата, со што се создала можност за раскинување на договорот и нејзина дислокација.