Илјадници полски националисти со црвено-белото полско знаме, факели, дискриминаторски банери, го обележа денот на независност на Полска, 11 ноември, во Варшава. Некои од учесниците носеа христијански иконографии, некои други повикуваа на доминација на белите во Европа „Бела Европа на братски народи“, додека други носеа пароли во кои исламот се поистоветуваше со тероризам, ги осудуваа истополовите бракови и промовираа анти-семитизам.
Толпа граѓани, очигледно помалку на број, се спротивставија на фашистичкиот марш, држејќи пароли „За нашата и вашата слобода“ и „Стоп за фашизмот“.
На изборите од 2015 година, во Полска победи конзервативната, националистичка, анти-миграциска и евроскептична партија „Закон и Правда“.
Ф.Х.