• Latest

Неделна анализа: После дождот, државата колабира!

August 15, 2016

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Неделна анализа: После дождот, државата колабира!

August 15, 2016 10:56
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Досега 22 жртви, многу повредени, уште исчезнати, урнатини и кал, опасност од зарази! Ова е сликата на современо Скопје, август 2016. Скопските населби погодени од поплавата, мирисаат на смрт, пепел и болести. А, додека експертите несомнено упатуваат на пропустите на власта на сите нивоа, Груевски во улога на диригент со Владиниот оркестар, само покажа дека во Македонија институциите не функционираат.

Поплавените подрачја – политичка арена

Поплавените подрачја ја тргнаа завесата и заблудата за беспрекорното функционирање на власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Од розовиот рај, низ калта исплива незнаењето, неажурноста и отсуството на грижа, трошењето на јавните пари за мегаломански проекти (изградбата на Панорамското тркало е во тек). Дури и најревносните партиски војници станаа свесни дека институциите во Македонија немаат капацитет да се справат со последиците од непогодата во неколкуте населени места, кои ни оддалеку немаше да бидат такви, да постоеше превенција и навремено реагирање, барем според минимални стандарди.

Како и да е, Груевски не се предава. Откако се врати од Анталија, покрај неговото секојдневно шоу за помош на настраданите, кое вредно и редовно го следат провладините медиуми, ги искористи сите можности да се претстави како спасител. Од командување со партиските функционери, до директна физичка помош на сопартијците.

ordanoski2
ЦИВИЛ Медиа со студио на отворено: видео анализа со д-р Сашо Орданоски.

Политичкиот аналитичар д-р Сашо Орданоски во анализата за ЦИВИЛ вели дека во вакви кризи, кога граѓаните се соочуваат со стравотни несреќи поради затаеноста на системот, мора да се бара одговорност од власта.

И додека активистите се борат со урнатините и калта и помагаат во расчистување на теренот, пратеничката група на СДСМ предложи вонредна собраниска седница. А, таму пратениците од власта со коментари дека барањето одговорност во овој момент е „неодговорно и нецивилизациски“. Собранието дури на осмиот ден по поплавите, заседава и носи мерки за помош на настраданите. Јавноста, пак, оправдано ги критикува политичарите дека се во трка по политички поени, врз грбот на трагедијата на настраданите граѓанки и граѓани.

Хуманоста за ВМРО-ДПМНЕ има партиска боја, граѓаните бараат да прекине владината фарса

Граѓанските активисти на социјалните мрежи, итно интервенираа. Веднаш се организираа и започнаа да собираат помош, донираат и дистрибуираат вода, храна, хигиенски средства, облека… Но, во услови на парализиран и политизиран систем, помошта не може да биде докрај успешна. Луѓето гладуваат и заболуваат. Една жена, се затру и е итно хоспитализирана, а многу семејства се жалат дека сè уште немаат помош во нивните домови.

Screenshot (196)
Обезбедувањето на Груевски нападна револтиран граѓанин

ВМРО-ДПМНЕ за да ги „извади од калта своите неажурни сопартијци – функционери во надлежните институции“, сега им наложи на сите функционери по хоризонтала и вертикала, сакале или не, да одвојат по 30 отсто од платата за помош на настраданите. И ако државата со ВМРО-ДПМНЕ потфрли, силната партиска машинерија на ВМРО-ДПМНЕ во демонстрација на својата квази-хуманост, нема да потфрли, зашто свесни се дека мора да се собираат изборни гласови. Дури и хуманитарните пратки сега имаат партиска боја, обвинуваат граѓански активисти. А, граѓаните бараат реална распределба на донациите, прекин на партиската дискриминација. Многу семејства, па дури и владини и партиски активисти, велат дека единствен спас за нив и државата е ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да заминат од власта. Тие веќе не кријат дека нивните челници со години им ветуваат проекти во овие рурални средини, кои сега се дават во кал. Дел од овие останаа без покрив во урнатините, без егзистенција, како последица на отсуство на квалитетна инфраструктура и затнати речни корита и канали.

СЈО води битка и за регулација на медиумите

DSC_0044

Здружението на новинарите на Македонија ја поздравува одлуката на Специјалното јавно обвинителство да побара од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да го преземе предметот на новинарот Зоран Божиновски, кој од април е во притвор поради сомнение за извршени три кривични дела. Тој е осомничен во случајот „Шпион“.

Македонија е на 118. место по слободата на медиумите во годинешниот извештај на организацијата „Репортери без граници“, зад Замбија, Нигерија, Конго и Катар. Во образложението на извештајот, за Македонија е наведено дека клеветата била отстранета од Кривичниот законик во 2012 година, но обвиненијата биле заменети со граѓански тужби, со можности за високи казни и создавање услови за затворски за новинари и сопственици на медиуми.

Минимум регулација во медиумите пред изборите, треба да донесе ад-хок телото и главниот уредник на МРТ, иако експертите и еснафот се сомневаат во овој обид на четирите партии-потписнички на Договорот од Пржино. Сомнежот го потврдува актуелната Владина окупација на медиумската сфера, на сите нивоа. Дури и во помалите средини, уредници на медиумите ги пишуваат, креираат и уредуваат веб страните на општините.

ДИК без детални информации за чистењето на Избирачкиот список

13045655_1230374190324095_536042469_n

 

Партиите бараат и најавуваат избори, а Државната изборна Комисија (ДИК) останува „глува“ на инсистирањето на граѓанските организации и јавноста да добијат релевантна информација за состојбата на Избирачкиот список. Само 5.022 граѓанки и граѓани од листата со 39,502 спорни гласачи се регистрирале во ДИК досега. Но, што со другите? Кој ќе гарантира дека сите „фантоми“ се исчистени од листата, кога реакциите не стивнуваат – е само едно од отворените прашања.

Македонија, 15 години по Охридскиот рамковен договор

На 8 септември ќе забележиме 25 години независност, а на 13-ти август запишавме 15 години, откако е парафиран Охридскиот рамковен договор. Договорот не само што требаше да стави крај на воениот конфликт, туку да биде фундамент на меѓуетничкиот соживот во Македонија. За жал, и по една ипол деценија, граѓаните се уште се борат за основните човекови права.

Ќе има ли договор за изборен датум и нова преодна влада?

dogovor-przino-640x396

Остануваат уште две недели до најавената средба на 31-ви август, кога се очекува лидерската четворка од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, да го утврди датумот за предвремени парламентарни избори и да се формира преодна влада. За ЕУ и САД е битно да се создадат сите услови за кредибилни избори, кои треба да ги обезбеди преодната влада.

Со отсуство на реформи, како на институционални нивоа, така и на внатрепартиски план, држава која, се чини, „исчезна во поплавите“, со незавршени предмети и опструкции на работата на Специјалното јавно обвинителство, во кои главни актери се Груевски и неговите најблиски соработници, со медиуми чии сопственици се владини вазали, со Избирачки список кој не влева доверба, Македонија сѐ уште се соочува со длабока неизвесност.

Моника Талеска

Tags: SkopjeЕлементарна НепогодакризаМакедонијаНеделенполитичка кризапоплавапрегледСашо Ордановски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ