„Канцеларии за контакт со граѓаните“ е проект кој Собранието го започна во 2003 година и го реализира со помош на НДИ, УСАИД, ИПД, Швајцарската агенција за развој и соработка и ЗЕЛС.
„Во секоја отворена канцеларија во општините работи асистент, кој му помага на пратеникот.
Преку непосредна комуникација со избраните претставници, граѓаните имаат можност за размена на информации, предлози и сугестии, со цел да се зголеми нивното учество во работата на Собранието“, стои на веб-страницата на Собранието.
Меѓутоа, мапата со сите општини каде граѓанките и граѓаните би можеле да се поврзат со само еден клик не функционира. Граѓан(к)ите не може да се информираат преку сајтот на Собранието, кој е асистентот на пратеникот кој доаѓа од нивната општина.
Инаку информацијата е напишана само за мажи, без да се води сметка на родовата еднаквост.
Дехран Муратов