• Latest

Недвосмислена поддршка за европската перспектива ќе добие Западен Балкан од Самитот во Софија

May 16, 2018
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Недвосмислена поддршка за европската перспектива ќе добие Западен Балкан од Самитот во Софија

May 16, 2018 10:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија ја поздравува посветеноста на Зaпаден Балкан на европските вредности и принципи и визијата  за силна стабилна и обединета Европа. Повикувајќи се на Солунскиот самит во 2003 година, се потврдува недвосмислена поддршка за европска перспектива на регионот, се вели во последната верзија на декаларацијата што ќе биде усвоена на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува утре во Софија.

Поврзаност во транспортот, енергијата и дигиталната инфраструктура, образованието и други аспекти е тема на sамитот, на кој ќе присустува македонска владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, јави известувачот на МИА од Софија.

На Самитот, што се одржува во организација на бугарското претседателство со ЕУ, ќе присуствуваат лидерите на државите-членки на Унијата и од регионот.

Со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ќе ја претставува ЕУ, заедно со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Премиерот Заев во придружба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествуваат во активностите на официјалната агенда на Самитот на 17 мај.

Во документот се истакнува дека ЕУ е одлучна за интензивирање на ангажманот на сите нивоа за да поттикне политичка, економска и социјална трансформација на регионот со поголема помош врз основа на видлив напредок во владеењто на правото и социјалните и економски реформи.

ЕУ ја поздравува определеноста на партнерите од регионот за демократија и владеење на правото, особено во борбата против корупцијата и почитување на правата на човекот и правата на малцинствата.

Во нацрт документот се додава дека ЕУ ги поддржува заложбите на партнерите од Западен Балкан да продолжат со работа на усогласување на добрососедските односи, регионалната стабилност и взаемната соработка.

Во нацрт заклучоците посебен акцент се става и на создавање нови можности за младите кои ќе придонесат за социо-економскиот развој на Западен Балкан.

Во нацрт декларацијата што се уште се усогласува се вели дека изградбата на „густа мрежа врски и прилики“ во регионот и со ЕУ, е од суштинска важност за приближување на граѓаните и економијата и јакнење на политичката стабилност, економски просперитет и културен и општествен развој.

ЕУ ќе им помага на државите од регионот за развој на дигиталната економија и еколошките друштва во согласност со Парискиот договор.

Унијата ја поздравува определбата на партнерите од регионот да ја забрзаат имплементација на правните текови во рамки на Енергетска заедница и транспортна заедница, да ги укинат бариери на границите…

Во нацрт декларацијата се укажува дека партнерите од Западен Балкан делат многу безбедносни предизвици што бараат координирана акција и дека борбата против тероризмот и екстремизмот бараат засилена соработка.

Се истакнува дека ЕУ и партнерите од Западен Балкан се свесни дека резултатите од борбата против корупцијата и организираниот криминал се клучни за политичката и економската трансформација и за регионална стабилност и безбедност и во најдобар интерес за граѓаните.

Кога станува збор за забрзување на унапредување на животот на граќаните, ЕУ покренува Софиска приоритетна агенда за ЕУ и за Западен Балкан, што претставува дополнение за декларацијата.  ЕУ ја поздравува намерата Хрватска да биде домаќин на самит ЕУ-Западен Балкан за време на претседавањето со Унијата во првата половина од 2020 година.

Јасна порака до Западен Балкан, ЕУ упати од Самитот во Солун пред 15 години дека сака државите од регионот да бидат членки. Досега тоа го искористи само Хрватска, која по шест години преговори во 2013 година стана членка на Европската унија.

Останатите држави се во различни фази на патот кон ЕУ и сега регионот е на високо ниво на агендата на Унијата.

Самитот во Софија треба да ја потврди посветеноста на ЕУ кон партнерите од Заден Балкан и дека регионот припаѓа кон европското семејствои.

Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, а минатиот месец доби чиста препорака од ЕК за почеток на преговорите и земјата се надевам дека на Самитот на Унијата во јули ќе добие датум за почеток на преговорите.

Србија во 2012 година стана кандидат за членство и веќе почна  преговорите, Црна Гора е кандидат од 2010 година и во јуни 2012 година почна пристапни преговори.

Албанија е кандидат од 2014 година. Европската комисија во минатомесечните извештаи за напредокот, освен за Македонија порепорача отворање преговори и со Албанија.

Најдалеку од членство во моментот се БиХ и Косово. Договорот за стабилизација и асоцијација со БиХ стапи во сила во 2015 година, а со Косово во 2016 година.

(МИА)

Tags: ЕУЗападен Балканподдршка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ