• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

Не им е лесно

October 7, 2021

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Не им е лесно

October 7, 2021 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Зошто избраните и именуваните лица на високи функции во државата не ги извршуваат работите за кои се поставени на соодветните позиции?

Мислам дека е ова прашање кое треба одново и одново да си го поставуваме пред секои избори.

За да се потсетиме.

1. Најголем број од овие луѓе на свесно или на несвесно ниво знаат дека ниту имаат капацитети, ниту пак знаења или искуство да се наоѓаат на функциите кои ги држат.

Оваа група функционери е многу за гревота. Тие се во постојан страв дека во некој момент ќе биде откриено колку не знаат и колку немаат појма што да прават на местото на кое се наоѓаат и се обидуваат ова да го избегнат со тоа што:

– се опкружуваат со луѓе кои уште помалку знаат и умеат и кои не може да ги загрозат со своето поголемо знаење

– прават работи кои немаат врска со функцијата, ама кои знаат да ги прават (се ангажираат околу пребројување на потрошени ролни тоалет хартија, смислуваат начини за контрола на доаѓањето и одењето на потчинетите…) и создаваат привид на постојана зафатеност (не знаат каде им е главата од илјадници работи кои воопшто не би требало да ги извршуваат)

– се затвораат во канцеларија и не прават ништо во надеж дека сите ќе ги заборават

– се изживуваат над сите подредени, им го загорчуваат животот и се обидуваат да создадат атмосфера во која нема да се знае кој јаде кој пие и во која е лесно вината за сите грешки да се префрли на некој друг (најчесто е тоа хигиеничарката, домаќинот, шоферот или некој друг кој се наоѓа на слична одговорна позиција)

– глумат знаење и умеење и во некои случаи дури и самите себе си се убедуваат дека навистина знаат и умеат (ова оние најдобрите глумци)

2. Значаен број од овие луѓе има за себе повисоко мислење отколку што навистина вредат.

Оваа група функционери навистина мисли дека сѐ знае и умее и дека потполно го заслужува местото кое го држи што се манифестира со:

– потреба од постојани потврди од сите околу нив дека тоа што го прават е исклучително добро, паметно, неповторливо, исклучително

– постојано префрлање на вината на подредените кои се „неспособни“, „злонамерни“, „неодговорни“, и кои ги минираат нивните неверојатно ингениозни идеи

– потреба од видлива надворешна манифестација на моќ за да не дојде до забуна и некој да не пропушти да ја препознае нивната моќ (непотребно возење со шофер, крајно непотребно користење на телохранители, луксузна персонализација на просторот во кој работат, …)

– потполно негирање на сопствената одговорност за било која грешка во областа која ја покриваат

– мегаломански идеи кои нема шанси да бидат остварени

3. Не е мал бројот на оние функционери кои воопшто не се ни грижат за тоа дали знаат, умеат, или пак дали имаат или немаат капацитети за местото на кое се наоѓаат.

Овие луѓе воопшто и не дошле на тоа место за да извршуваат некоја работа, туку си имаат своја задача која е поврзана со нивните лични интереси, а функцијата вообичаено им служи за прикривање на криминални дејствија што се манифестира во:

– нагло зголемување на материјалното богатство со кое располагаат

– отворено и помалку отворено учество во бизнис зделки и комуникација со секој кој може да понуди бизнис зделка

– немешање во политичките одлуки освен во моментот кога на некој начин ги загрозуваат или може да ги поддржат нивните бизниси

– широк дијапазон на интереси кои кореспондираат со распишаните тендери од страна на државата

4. Мал број од овие луѓе имаат и знаења и капацитети и искуство за извршување на функциите на кои се наоѓаат, меѓутоа системот брзо ги отфрла како туѓо тело.

Бидејќи се исклучително малку, за потребите на овој текст ги водам како статистичка грешка.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ