• Latest
Добро утро со Орданоски

Не ќе да е спринт, туку маратон

March 31, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Не ќе да е спринт, туку маратон

March 31, 2020 07:26
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Не знам како е со вас, но јас си мислев дека, под принуда на домашнава изолација, во изминатите две недели и во наредните три-четири, ќе стигнам дома да прочитам работи кои со години, со благо чувство дека одмаздата е најслатка „кога се сервира студена“, ги одлагам, ги редам, ги прередувам и ги евидентирам по разни фајлови и полици, како ланска и прекланска туршија за употреба „кога ќе ѝ дојде време“… Сега е тоа време.

И, еве, признавам: ЕДНА СТРАНА НЕМАМ ОТВОРЕНО, А НЕ ПАК ПРОЧИТАНО, од таа „стратегиска интелектуална резерва“! Ништо, нула, зич, зеро, нул, компир… И со бројка: 0.

Да не се разбереме погрешно, тоа не значи дека ништо не правам, напротив! Секој ден трошам часови на организацијата и утринската изведба на „Утрински брифинг“, секоја вечер пишувам колумна (да, овие што ги читате, за кои инспирациите се тајновити и неизвесни како средновековните протонаучни рецепти за производство на по некоја унца злато во алхемијата), а минатата недела спроведовме и онлајн испит на студентите на универзитетот на кој предавам, како „генерална проба“ за виртуелните редовни предавања со кои започнуваме оваа недела… Плус сите други „обични“ работи на повремени „маскирани“ пазарења, телефонски разговори со пријатели и роднини, како и редовни расправии, љубов и надмудрувања со персоналот на „тоталнава институција“ (прогуглајте, ќе видите какво чудо е тоа) во која се претворени нашите карантинирани семејства.

И кога ќе дојде редот да се фатам за нешто да прочитам – раката сама ми оди на јутјуб, на нетфликс, на содржината од фрижидерот, а и на најстрашниот од сите информативни отровни денгуби – фејсбук!

Всушност, во ретките моменти на детоксификација, сфаќаш дека вируснава епидемија не е само животно опасна по белите дробови, туку со неспоредливо поголема инциденца на смртност го напаѓа и когнитивниот и манипулативниот дел од мозокот, со страшно дејство на деморализација, фатализам, различни дози на страв и висока загриженост, кои во неправилни интервали на когнитивна дисонанца се менуваат со чувства на игноранција и повремени еуфории, со закана за предизвикување интелектуална клиничка смрт. (Да, знам дека звучи компликувано, ама се работи за медицинска дијагноза, не може оваа патологија да се опише едноставно!)

Кои се симптомите? Се отрув од гледање прес-конференции, од читање соопштенија, колумни, постови и анализи за корона, корона, корона… Секој има став за сè, но некои располагаат со заглушувачки пропагандни „камбани“ кои по цел ден трескаат во катедралите на измислиците и лагите како Велигден годинава да нема да се слави според грегоријанскиот или јулијанскиот календар, туку според календарот за политичко воскреснување на една не така одамна погребана политичка практика.

Од сето тоа не е тешко да се заклучи дека, општо земено, политичката, а следствено на тоа и општествената јавност ни е поделена во два генерални кампа: едни напорно се занимаваат со решавање на кризата; други лежерно се занимаваат со овие кои се занимаваат со решавање на кризата.

Првите се смртно загрижени, повремено уплашени, растрчани и видливо уморни, понекогаш импровизираат, но со успешност на резултатите несомнено над очекувањата, до сега… Вторите се одморени, арогантни, наакани, со слободно време за суетно мудрување и мрчење несомнено над очекувањата, до сега.

Проблемот е во тоа што, како што врви времето, сè повеќе станува јасно дека ова нема да биде трка на кратки медицински стази, туку повеќе ќе личи на долг здравствен и ментален маратон. Како што стојат работите, шансите да го преживееме вирусот се далеку поголеми од изгледите да останеме при здрава памет.

Можеби е време, сепак, да се извлече нешто од купот на наткасната?

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ