Рекламата на ДУИ за премиер Албанец се најде и на сајтот за фудбалски резултати Liveskore.cz. Рекламниот онлајн простор веројатно го закупија само за еден ден, односно во сабота на (13.06.2020), рекламата од вчера повеќе ја нема.
Рекламата им гласи „Три опции – Кој ќе биде следниот премиер“.
Во фудбалскиот свет има(ше) опција трознак 1-X-2, односно да победи домаќинот, да победи гостинот или да одиграат нерешено, како и да заврши фудбалскиот натпревар пак на крај ливчето ќе биде добитно.
Но, фудбалските натпревари не се исти со политичките натпревари, во политиката нема опција за трознак, или за дупла шанса 1X или X2, особено во изборните натпревари мора да има фиксни резултати, односно или победуваш или губиш, нема опција за нерешено.
Д.М.