• Latest
Жарко Трајаноски

Не му го прави на соседот она што не сакаш да ти го прават тебе!

January 6, 2022
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Не му го прави на соседот она што не сакаш да ти го прават тебе!

January 6, 2022 11:23
in РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Жарко Трајаноски

Жарко Трајаноски

Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Еден поучен мисловен експеримент. Да си замислиме дека Турција е земја – членка на ЕУ, а Бугарија е кандидат кој сака да започне преговори. Турција одлучува да стави вето, а турскиот парламент ја усвојува следнава “Рамковна позиција за стабилизирање и асоцирање на Република Бугарија во ЕУ”

“Турција е конзистентна во поткрепата на европската перспектива на земјите од османлискиот Балкан. Но, Турција не дозволува интеграцијата на Република Бугарија во ЕУ да биде придружена со европска легитимација на државно спонзорирана идеологија на анти-турска основа. Пренапишувањето на историјата на дел од турскиот народ по 1868 година е еден од темелите на анти-турската идеолошка основа на бугарскиот тоталитаризам.

За да се согласи Турција за отпочнување на преговори на Бугарија со ЕУ, Бугарија треба да оствари реален напредок во остварувањето на следниве барања:

  1. Република Бугарија да се воздржува од спроведување на политика, независно под било која форма, на поткрепа и претензии за признавање на т.н. „бугарско малцинство“ во Турција и во која и да е од земјите од османлискиот Балкан.
  2. Спроведување на процес на рехабилитација на жртвите на бугарските профашистички и прокомунистички режими, репресирани поради нивниот турски идентитет.
  3. Спроведување на процес на лустрација на сите соработници на поранешни режими, кои учествувале во репресии на луѓе поради нивниот турски идентитет.
  4. Преземање на системски мерки за бришење на табели и натписи од споменици каде што се спомнува, „турското“ или „османлиското ропство“ и „турскиот јарем“, како и сите споменици за „ослободувањето“ (кое е всушност руска окупација), кои поттикнуваат омраза кон Турција, како „турски/османлиски окупатор или „поробител“.
  5. Во дејноста на мултудисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања:
  • Да се постигнат конкретни резултати, за периодот од општата историја до 1868, и да се постигне договор за Априлското востание, митот за „колежот во Батак“, незначителното учество на Бугарите во Руско-турската војна, и репресираното турско и лојално бугарско население од страна на окупаторските руски и романски војски.
  • Да се сменат информативните табли и други ознаки, вклучително и на историските споменици, согласно договорените текстови.
  • Да се договорат конкретни датуми за заедничко одбележување на настани и личности од заедничката историја по кои е договорена согласност, а во однос на јазикот да се ползува фразата „официјален јазик на Република Бугарија“.
  • Да се хармонизираат учебните програми по историја и литература, и да се отстрани во учебниците било какво спомнување на романот „Под игото“.
  • Сите историски извори од отоманскиот период, да се изучуваат на јазикот на кој се напишани оригинално.
  • Бугарија да признае дека петвековната историја на Македонија пред 1912 година е дел од турската отоманска историја.
  1. Во бугарското општество да се надмине говорот на омраза, вклучително кон лица кои се идентификуваат или кои се идентификувале како Турци, вклучително и во онлајн медиумите.
  2. Во уставот на Република Бугарија да се вметне и турскиот народ како конститутивен народ, за да се исправат сите неправди кон Турците во Бугарија од Априлското востание 1876 до денес.”

Можеме само да си претпоставиме колку жестоки реакции би имало во бугарското општество на вакви или слични барања од страна на Турција.

Знам, многумина ќе се насмеат на овој мисловен експеримент и ќе речат – добро е што Турција никогаш не била во состојба да поставува вакви политички барања кон Бугарија.

Но, ете, Грција – која е членка на ЕУ од 1981 – беше во состојба да ја блокира евроинтеграцијата на Бугарија со слични “историски барања”, но не го направи тоа. Какви реакции ќе имаше во бугарското општество ако Грција побараше менување на бугарскиот устав и признавање на Грци во уставот, ако инсистираше на “заедничка историја” (толкувана по нивни аршини), или ако побараше менување на учебниците по историја, особено во делот на “бугарската преродба” и судирот меѓу патријаршијата и егзархијата? Какви реакции ќе имаше во бугарското општество ако Грција тврдеше дека бугарскиот идентитет со децении бил граден на антигрчка основа и дека во бугарското општество се вршело со децении бришење на се што е грчко?

Какви реакции ќе имаше во бугарското општество ако Грција ја условеше Бугарија да бидат признаени злосторствата за време на “бугарската фашистичка окупација” (како што пишува на споменици во Грција) во Втората светска војна?

Едноставно е. Не му го прави на соседот, она што не сакаш друг да ти го прави тебе!

Ако Бугарија и Македонија се придржуваат до ова морално начело, многу полесно ќе ги надминат меѓусебните недоразбирања и спорови.

 

Жарко Трајаноски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ