• Latest

Не, нема и не може да има правен вакуум!

May 16, 2020
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Вајц се надева дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот

October 21, 2025

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

October 21, 2025
Фотографија објавена од руските власти од она што тие го тврдат како последица од нападот со дронови во Ростовската област во текот на ноќта на 21 октомври 2025 година. Фото: Јуриј Сљусар/Телеграм

Масивен украински напад со дронови врз руските Брјанска и Ростовска област

October 21, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Втор круг во 33 општини, првиот круг ќе се повтори во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

October 21, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Не, нема и не може да има правен вакуум!

May 16, 2020 10:44
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Ситуација:

  • Уставниот суд на 14-та седница одржана на 14.5.2020 година донесе одлука за укинување на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Ваквата одлука на Уставниот суд доаѓа по иницијативата на претходниот состав на Комисијата за заштита од дискриминација за оценка на уставноста и законитоста на Законот, во која беше наведено дека оспорениот закон бил донесен спротивно на чл. 75 од Уставот на Република Северна Македонија, односно не било обезбедено потребното уставно мнозинство за повторно изгласување на Законот.
  • Министерката за правда Рената Дескоска ни соопшти дека: „Од денеска за жал немаме Закон за спречување и заштита од дискриминација, бидејќи Уставниот суд го укина. Со оваа одлука не се враќа претходниот закон во живот, а се укина новиот закон од 2019 година. Затоа прва задача на новото Собрание мора да биде носење на овој клучен закон“ – со што нѐ врати петнаесет години во минатото кога СДСМ немаше сили да донесе Закон против дискриминација и десет години во минатото, пред еден од ретките добри потези на ВМРО-ДПМНЕ – донесувањето на првиот Закон за спречување и заштита од дискриминација.

Прашања:

  • Зошто Уставниот суд решил да донесе одлука токму за овој закон (кој од ЕУ државите е прогласен како еден од параметрите врз основа на кои се цени напредокот на државата), и токму во овој момент (кога е јасно дека нема шанси во краток период да биде изгласан Закон за заштита и спречување од дискриминација) и, кога веќе се дерогирани неколку основни права и слободи од Конвенцијата за правата на човекот?
  • Зошто Уставниот суд не водел сметка за соодветна примена на членот 73 од Деловникот за работа на Уставниот суд според кој „При одлучувањето дали законот, прописот или општиот акт ќе го поништи или ќе го укине Уставниот суд, ќе ги земе предвид сите околности што се од значење за заштитата на уставноста и законитоста, а особено тежината на повредата и нејзината природа и значење за остварување на слободите и правата на граѓаните или за односите што се воспоставени врз основа на тие акти, правната сигурност и други околности од значење за одлучувањето“?
  • Дали Уставниот суд сметал дека со Законот за спречување и заштита од дискриминација се повредуваат нечии права? Се ограничуваат човековите права и слободи? Се прави таква ненадоместлива штета која бара итно постапување? Дали сметал дека е нарушена правната сигурност на граѓаните? Дали сакал да ги заштити ранливите групи граѓани кои вообичаено се изложени на дискриминација?
  • Дали Уставниот суд не размислувал за последиците од донесувањето на една ваква одлука или пак размислувал и заклучил дека од исклучително значење за соодветната примена на Уставот е да нема Закон за заштита и спречување од дискриминација?
  • И посебно ме интересира како тоа министерката за правда си замислува постоење на правен вакуум? Дали доколку Уставниот суд реши дека заради процедурални грешки треба да се укине на пример, Законот за безбедност во сообраќајот, ќе се создаде правен вакуум во кој нема да важат правилата за одвивање на сообраќајот или пак ќе се применува претходно важечкиот закон? Ако Уставниот суд одлучи дека има процедурална грешка во донесувањето на Законот за основно образование, веднаш ќе ги распуштиме сите училишта и ќе чекаме да биде донесен нов закон, или пак ќе се применуваат одредбите на претходниот закон?

Мислам дека овој и ваков Уставен суд е противуставен, бидејќи со оваа своја одлука ја прекршил една од своите уставно дадени надлежности да „ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност“.

И мислам дека оваа и ваква министерка за правда со својата изјава ја негира суштината на правото,  бидејќи правото се базира на логика и во моментот кога отсуствува логика – веќе не станува збор за право, туку за партиско самоволие и самобламирање.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ