• Latest

„Не оправдувам насилство, ама…“

May 27, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Не оправдувам насилство, ама…“

May 27, 2020 23:00
in ГОВОР НА ОМРАЗА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КРИСТИНА КОСТОВА / FRONTLINE

„Не оправдувам насилство, ама…“

Навистина застрашувачки е што сѐ може да се прочита како продолжение на (варијации на) оваа реченица, која толку често се појавува на социјалните мрежи, особено во изминатите дваесетина часа, откако јавноста ги посведочи последиците од бруталното семејно насилство врз Моника Конопова. Станува збор за комплексен случај во чие расчистување и понатамошно спречување треба да се ангажираат повеќе институции, полиција, социјални служби…

Иако не постои изговор за насилство, сепак има луѓе што наоѓаат изговори за насилничкото претепување во нејзиниот активизам, користењето марихуана, статусот на осудена и поранешна затвореничка, но и нејзината лична одлука да споделува провокативни фотографии од себеси. Осудата за жртвата и изговорите за насилството се „зачинети“ и со објаснувања за „исправноста“ на постапката на таткото-насилник, кој одамна „требало да ја натепа, за да ја зачува семејната чест од ќерка му која со своето однесување му нанесува срам.“ Лажните моралисти кодирани од патријархатот наоѓаат креативни начини да го тривијализираат грозоморното насилство и спроведуваат двојна виктимизација[1].

Со осудите и оправдувањето на насилството чија жртва синоќа беше Моника Конопова, дополнително се нормализира семејното и родово базираното насилство, кои секако се сериозен проблем во нашето општество. Речиси секоја недела слушаме за нови случаи на претепани жени, а неретко и за фемициди. Факт е дека домовите не се безбедни места за многу жени во нашата земја. Овој застрашувачки недостаток на емпатија кој го сведочиме на социјалните мрежи ги маргинализира болката и искуствата на многу други жртви, а истовремено и ги обесхрабрува оние што сакаат да проговорат за својата мака и да ги пријават своите насилници.

Ставовите на заедницата кон насилството кон жени се важен показател за родовите односи. Тие се основа врз која се развиваат начините на кои се пристапува кон искоренување на оваа општествена девијација. Ставовите на заедницата се илустрација не само на начинот на кој што заедницата реагира на насилството, туку и на тоа колку жртвите се осмелуват да побараат помош, а и какви се последиците кои насилниците ќе ги сносат поради своите дела.

Институциите имаат важна улога во обезбедување поддршка за жртвите, казни за насилниците, спречување на идни насилства и општо намалување на стапката на родово-базирано насилство. Но, за да има вистински позитивни промени и за да се спречат вакви кризи на долг рок, ставовите на заедницата мора да се менуваат. Впрочем, така ќе се постигне поголем напредок во борбата со родово-базирано насилство. Тоа ќе отвори простор повеќе да се разговара за сите негови аспекти, меѓу кои и вербалното злоставување и разновидните манипулативни и омаловажувачки техники применувани од тие што злоставуваат, а за кои никако да стигнеме на ред да зборуваме.

Заразни се суровоста, недостатокот на емпатија и наоѓањето изговори за насилници и престапници. Важно е институциите да ги осудат и казнат насилниците. Но, исто така важно е заедницата да развие капацитет за да ги осуди и апологетите, кои со нивните зли коментари го релативизираа насилничкиот чин. Само така во јавниот дискурс може да завладее атмосфера во која вистински ќе може да се намали стапката на родово-базирано насилство со кое пречесто се соочуваме, а со кое никако да се избориме.

—————

[1] Двојна виктимизација опфаќа стигматизација, етикетирање, барање на вина кај жртвата и/или повторување на настанот пред различни инстанции (места/луѓе/институции), со што жртвата се изложува на дополнителен срам и обесхрабрување да води било каква постапка против виновникот. Долгорочно, двојната виктимизација води кон култура на непријавување, недоверба во системот од страна на жртвите и го охрабрува насилничкото однесување.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ