• Latest

Не се мие крв со крв! Не се брише шлајм со шлајм!

January 11, 2020
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Вдовицата на Алексеј Навални тврди дека лабораториските тестови докажуваат дека рускиот опозициски лидер бил отруен во затвор

September 17, 2025

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
Кралот Чарлс и Доналд Трамп ја проверуваат кралската гарда во Виндзор. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Доналд Трамп пречекан во замокот Виндзор од кралот Чарлс и видни членови на кралското семејство

September 17, 2025

Уставен суд не поведе постапка за Правилникот на ДИК

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Илјадници Палестинци бегаат додека израелските трупи навлегуваат во градот Газа, што предизвика широка меѓународна осуда

September 17, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Џејмс Рубин го заврши тридневното сведочење за судењето на поранешните лидери на УЧК; Воведувањето задолжителна воена служба во Србија го враќа стравот кај Албанците во Прешевската долина

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Не се мие крв со крв! Не се брише шлајм со шлајм!

Срамота! Срамота! Срамота! Никогаш нема да го исперат срамот од своето име, нема ништо и никогаш да го обели нивниот образ. Историјата ќе ги запомни како арамии, насилници и убијци. И кецароши! Неспособни. Со сите пари што ги украдоа, со сета помош што ја добија од надвор, со сите куртони што им служат, им успеа само кукавички да избегаат од земјата и од таму да продолжат со своите недела.

January 11, 2020 11:29
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Организирале и финансирале напад врз сопствената држава, сакале да ја згазат најважната институција, да убијат свои сограѓанки и сограѓани, колеги пратеници, политички опоненти… Беа снимени на сите можни начини, доказите можеше да ги изведе и мало дете додека да трепнеш, сведоштвата беа дадени веднаш. Убијци и криминалци, без ронка свест и совест за тоа што значи да се има држава. Без осет. Нема да споменам демократија, бидејќи не знаат што е тоа. Олош од најдолен вид!

Па уште јадат трици дека ова бил политички прогон! Тие што спроведуваа политички прогон и уништуваа цели семејства од чист хир, затоа што им се присакало така, тие зборуваат за политички прогон! Тие што спроведуваа структурно насилство, грабеж и злоупотреби со индустриски размери, тие што тепаа и крадеа кај ќе стигнат, тие што сакаа да извршат државен удар – тие ли?! Не е ова политички прогон, туку е судски процес, и тоа премногу бавен и попустлив, за нивното политичко насилство и терор.

Срамота! Срамота! Срамота! Никогаш нема да го исперат срамот од своето име, нема ништо и никогаш да го обели нивниот образ. Историјата ќе ги запомни како арамии, насилници и убијци. И кецароши! Неспособни. Со сите пари што ги украдоа, со сета помош што ја добија од надвор, со сите куртони што им служат, им успеа само кукавички да избегаат од земјата и од таму да продолжат со своите недела.

Можат да им командуваат на своите куртон медиуми колку сакаат, нема да им помогне ништо. Можат сите тролови на светот да ги испратат, да го истурат сиот измет на светот, бидејќи друго и немаат. Не се мие крв со крв! Не се брише шлајм со шлајм! Ништо нема да ги оправда, никој нема да ги одбрани. Си знаат тие добро, од таму каде што се нема враќање, од злоделата нема бегање, нема место на светот за криење. Од правдата може да избегаат, од сопствените злодела не можат. Може судот да им пресуди, може и да ги помилува. Може и Орбан и Путин да ги галат и мазат и бранат, од тоа што го сториле и сѐ уште го прават, нема бегање. Не знам со кои зборови може да им се објасни поедноставно и појасно – ништо не ги пере!

Нека продолжат со својата пропагандна војна против сопствената држава, против демократијата, против сѐ што е човечко. Нека се закануваат на новинари и на политички неистомисленици, друго и не знаат. Имаат пари, имаат моќ, имаат мафијаши и диктатори зад грб, погласни се, повалкани, порасипани, но ништо не може да им помогне да избегаат од себе. Можат да прогласуваат предавници и да прават списоци колку сакаат, можат да смислат нови атентати и напади, да одат на избори, да бидат факторизирани од глупави медиуми или од наивни политичари, но нема да им помогне ништо да станат нешто што не се. Фуј!

Предавници, еј! Ни помалку, ни повеќе, тие се дрзнуваат некого да наречат предавник. Тие се дрзнуваат да кажат дека некој бил како нив! А бе, ајде, сиктер! Гнаси!

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    223 shares
    Share 89 Tweet 56
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ