• Latest

Не сме ние племе

October 8, 2018
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Не сме ние племе

October 8, 2018 10:12
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

…некои реплики цел живот ќе ги паметам

Кичот е почеток на злото. Тој е лажен и гаден истовремено, и затоа прескокнувам да го гледам во било која форма. Ме потсетува на одвратија која со сила седи таму каде што не смее да биде. Некои од западниот свет нашиот град го поистоветуваат со главен град на кичот, по оној оперативен зафат на лицето што му се случи во последниве неколку години (не сакам дури ни да му го спомнувам името на „проектот“) што искрено мене ме вади од кожа. Ме ужаснува.

Војо Цветановски

Уште пострашно е тоа што на сите ни е совршено јасно дека тоа не е така и тоа дополнително фрустрира, и затоа постојано велам дека ова е време кога пред нас се исправа многу сериозна обврска, а таа е да докажеме дека не се во право оние кои за нашето Скопје велат дека е главен град на кичот. Некои дури заради тоа на неколку пати не изедначувале со племе. Устата пена ми фаќала кога сум се објаснувал дека во Македонија живеат супер луѓе, дека сето тоа е само привремено, дека тоа не сме сите ние.

Обврска ни е на сите да му го вратиме духот на Скопје.

Знам дека нема да е лесно, но, тоа, едноставно, кај сите нас треба да биде во графата под задолжително.

И додека ги запишувам овие почетни редови и го ставам поимот ПЛЕМЕ во четивото се сетив на периодот кога кон крајот на летото 2001 година пред да се вратиме во Софија на трета година студии во Битола, со уште неколкумина колеги од факултет ја работевме претставата „Вечер за духови“ според драмскиот текст на шведскиот автор Август Стриндберг „Соната на Сеништа“.

За мене тоа беше магичен процес. Ретко искуство. Првиот мој режисерски ракопис во театарот. Во претставата играа Пеце Фраеро, инаку денес актер кој работи во Лондон, Васко Мавровски, денес актер и директор на детскиот театарски фестивал Битолино, Саше од Солза и Смеа, Кети Борисовска, актерка во велешкиот театар, Весна, денес водителка на вести на локална битолска телевизија, Бојан, оној што за малку не победи на Бугарскиот ИДОЛ, Јован Ристовски, денес одличен театарски режисер, Жиката од Баиро, Александар Копања, денес познат битолски актер и уште неколку млади ентузијасти кои статираа во претставата.

Гледано од оваа дистанца, денес, дури и убеден сум дека не ни бевме свесни во каква авантура се впуштаме, не бевме свесни за комплексноста и големината на Август Стриндберг како драмски автор. Во еден момент од процесот, некаде на средина, кога се соочивме со фактот дека некаде грешиме и треба да се вратиме на почеток, за мене беше шок. Но, се вративме на почетокот, за да ја исправиме грешката.

Имав чувство дека сме загубени некаде меѓу желбата за театар и она што театарот навистина е. Не, не бевме млади, бевме деца, дечишта, изгорени од желба за добар театар, за модерен театар, несекојдневен театар, онаков каков што го гледавме на сцените низ театрите во Софија во почетокот на 21 век. Бевме маѓепсани од претставите на Александар Морфов, Теди Москов, Крикор Азарјан, Пламен Марков, Здавко Митков, Боњо Лунгов, Сани Санински и др.

Процесот заврши, претставата се стекна со премиерна изведба. И толку беше. Помина како помина, на крајот јас дури бев и задоволен. Тој процес нема никогаш да го заборавам од две причини:

  1. Тоа беше прва ваква голема авантура за мене од која многу научив и не само за театарот, научив дека кога грешиш нема ништо страшно тоа и да го признаеш, и да се вратиш назад да ја коригираш грешката која си ја направил за да појдеш по вистинскиот пат до целта. Нека трае колку сака корекцијата, но, по вистинскиот пат едноставно мора да се оди!
  2. Соочувањето со неколку извонредни реплики во пиесата. Една од сите нив остана засекогаш да живее во мене. Тоа е реплика која ја изговара Хумел, една од главните улоги во претставата која ја играше Маврото, а која Хумел ја изговара за време на вечерата.

Хумел: Уште пред античко време племињата ги измислиле различните јазици, за да ги скријат тајните едни од други.

Неретко низ годиниве знаев и да се послужам со оваа реплика. Навистина испраќа силна глобална порака во ова време кога границите (треба да) паѓаат.

Периодов, за жал, истата станува многу активна, особено кај нас и тоа веќе со 18% влезеност во 21-от век, период кога светот со неверојатна брзина оди напред, кога постојано бара нови предизвици, нови сознанија, нови провокации, период кога секој сака повеќе и бара повеќе, период кога не постојат тајни, не постојат сокривања или барем не се видливи за голо око.

Токму во ова време имам чувство дека ние одлучивме да се занимаваме со различноста, со разликата во јазиците, со гадење едни од други, како да сме заостанати племиња кои кријат нешто едни од други, а се знаеме меѓусебно откако постои овој град, оваа држава.

Понекогаш имам чувство како свесно да одбиваме да бидеме дел од светската цивилизација.

Е, покрај тоа што треба да му го вратиме сјајот на Скопје, треба и на оваа тематика сериозно да поработиме и тоа веднаш да го  промениме, па и да сме стигнати подалеку од средината, каков што беше случајот со грешката во претставата во Битола, ако детектираме дека некаде кардинално грешиме и дека нема како да се продолжи понатаму на овој начин, ќе се вратиме на почетокот другари, ќе се вратиме за да ги поправиме грешките со кои се соочивме одејќи наваму на патот кон подобро утре. Колку сака нека биде болно враќањето назад и почнувањето од почеток, едноставно мора да се соземеме и да тргнеме по вистинскиот пат. На патот кон Европа.

Но, пред да се вратиме на почетокот, сега, во овие моменти ни се отвора можност тоа многу брзо да го коригираме, и тоа без да се враќаме назад 27 години, сега можеме веднаш да се приклучиме кон остатокот земји од најстариот континент и да влеземе во заедница со сите нив. Оваа можност, шанса, прилика, како сакате наречете ја, не смееме да ја пропуштиме, бидејќи подоцна ќе биде многу поболно и многу потешко, а на тој пат, што сака нека се случува ние едноставно мораме да тргнеме.

И за крај.

Ние не сме исклучок во модерната светска цивилизација, ниту пак сме племе, ниту пак сме граѓани на главниот град на кичот, никогаш тоа не сме ни биле. Јас нема да прифатам некој со прст да посочува кон нас како на такви. НИКОГАШ!


фотографија во прилог на текстот: Биљана Јордановска

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Share66Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ