Војна во Украина
Осми ден: Жесток отпор на сите фронтови, 19 држави редовно испраќаат воена помош, Русија обиколена од глобалните санкции
Украинската дипломатија продолжува да работи континуирано.
-141 државата се приклучи на антивоената коалиција за одбрана на Украина – исто толку држави гласаа за резолуцијата на Генералното собрание на ООН „Агресија против Украина“.
-Руската економија продолжува да паѓа во бездна. Рубљата го достигна историскиот минимум, а голем дел од девизните резерви на Централната банка на РФ се блокирани. Меѓународниот бизнис масовно бега од Русија.
Едно дете загина како резултат на рускиот напад врз градот Ирпин, регионот Киев. напиша градоначалникот на Ирпин, Александар Маркушин на Фејсбук, повикувајќи се на медицински лица.
Планирана е евакуација на жени и деца од Ирпин во Киев. Вооружените сили и територијалната одбрана на градот продолжуваат да ги враќаат приодите кон Ирпин и Киев.
Воена помош
– Украина ја доби од Естонија втората серија на противтенковски ракетни системи Javelin
– 19 земји редовно ни испраќаат најново оружје, муниција, заштитна опрема, медицинска опрема и гориво за потребите на украинската армија
-Дипломатите интензивно преговараат за обезбедување на дополнителни борбени авиони за Воздухопловните сили на Вооружените сили на Украина од партнерите во најкус можен рок
Санкции
-Русија е се повеќе завиткана во замката на глобалните санкции. Канада објави нови санкции против 10 клучни луѓе од 2 важни компании во рускиот енергетски сектор – „Роснефт“ и „Газпром“
-Стејт департментот на САД воведува целосни санкции против одбранбениот сектор на Русија за да ја потисне руската воена машина
-Ирска се подготвува да ги затвори своите пристаништа за руски бродови, како и да ги замрзне банкарските сметки во сопственост на руски компании
Изолација
-Светската банка ја прекина сета соработка со Русија и Белорусија
-Развојот на алтернативна енергија во Русија е оневозможен. Данската компанија Vestas, која е светски лидер во производството на турбини на ветер и требаше да ветерници во Русија, ги прекина врските со Русија
– Украина и Полска иницираа прекин на членството на Русија во Советот на Европа
-Градскиот совет на Варшава започна правна постапка за балансирање на зградите/куќите што биле користени од страна на руските дипломатски мисии. По завршувањето на правната постапка, планирано е во тие згради/куќи да се вдомат украински државјани кои ја напуштиле украинската територија како резултат на руската вооружена агресија
Депутинизација на светот
-Словачка го укина безвизниот режим за сопствениците на дипломатски пасоши на Руската Федерација
-Бугарија го прекина членството во Меѓународната инвестициска банка и Меѓународната банка за економска соработка, каде најголем акционер е Русија
-Меѓународниот параолимписки комитет ги суспендира руските спортисти од учество на Игрите во Пекинг
-15 полски градови одлучија еднострано да ги раскинат договорите за соработка со 15 руски градови.
Хуманитарна помош
-Министерството за одбрана на Словачка предаде медицинска опрема за потребите на болницата во Ужгород.
-Грција и Украина се договорија за можноста за сместување на украински деца болни од рак во Грција заедно со нивните родители
-ОАЕ најавија 5 милиони долари хуманитарна помош за цивилното население, кое настрада во војната во Украина.
– Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија отвори сметка за собирање средства за поддршка на Украина. Собраните средства ќе бидат искористени за хуманитарни потреби.
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжија денеска. Прекин на огнот, примирје и воспоставување на хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, се трите главни прашања на агендата на втората рунда украинско-руски преговори, што започна денеска на полско-белоруската граница.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Османи: Никој не е против рускиот народ, туку против агресивната политика на нивната влада
„Ние сме членка на НАТО и тоа менува се. Тоа е квалитативно суштинска разлика. Првпат почувствувавме како е да си дел од Алијансата. Ги повикувавме порано граѓаните да ја напуштат Украина затоа што имавме информации, НАТО гарантира безбедност. Напад врз наша територија ќе е напад врз сите 29 членки. Членството во НАТО носи и обврски. Имаме обврска да ја заштитиме територијата на НАТО.
Нема народ кој прави агресија, тоа обично е влада која го заведува својот народ, мора да имаме јасен став околу руската влада. Со поддршката на Украина ја поддржуваме нашата држава, правото секоја држава сама да си ги одбира приоритетите, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ВОЕНА ПОМОШ Воена помош, вклучително и најсовремено оружје, муниција и гориво, на Украина на редовна основа и обезбедуваат 19 држави, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина.
РАЗРЕШУВАЊЕ Со 61 глас „за“, без ниту еден против и без воздржани, по тридневна расправа Собранието ја донесе одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Движењето „Беса“ од член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
ОСУДА Историчари од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија, Словенија и Србија, потписнички на Декларацијата #Одбрани ја историјата, го осудија фалсификувањето на историјата, нејзината злоупотреба и употребата на селективни историски аргументи за оправдување на воената политика и агресијата против суверената и меѓународно призната држава Украина.
РУСИЈА МОЛЧИ „Речиси и да нема реакција на Резолуцијата на ОН во Русија. Се пренесуваат изјавите на рускиот амбасадор во ОН, кој рече дека резолуцијата нема да придонесе за подобрување на ситуацијата на терен, туку ќе придонесе за ескалација, но има само кратки вести и тоа е тоа – како да никогаш не се случило“, вели репортерката на регионалната медиумска платформа N1 Александра Годфроа, во своето известување од Москва.
ВО ФОКУСОТ НА ЦИВИЛ
Сарачини: Преку црната пропаганда и дезинформациите партиите го подготвуваа „теренот“ за локалните избори
Јавната кампања за Локалните избори кои се одржаа на 17 октомври (прв круг) и 31 октомври 2021 (втор круг), започна многу порано, особено преку црната пропаганда и дезинформациите, преку кои партиите го подготвуваа „теренот“ за изборите, обидувајќи се да мобилизираат поддршка наспроти „непријателот“, но пред сè, да ги оцрнат противниците и да ги неутрализираат нивните поддржувачи во јавноста, вели Петрит Сарачини на панелот на ЦИВИЛ „Изборен систем и реформи: Препораките на ЦИВИЛ“, одржан на 2 март, 2022.
Тахири: Политичката сцена во Северна Македонија е машки клуб
Дијана Тахири на панелот на ЦИВИЛ „Изборен систем и реформи: Препораките на ЦИВИЛ“ се осврна на длабокиот родов дисбаланс на политичката сцена во РСМ, клиентелистичкиот пристап во институциите во родов аспект и застапеноста на жените во политиката, во статистики.
ДИСТРИКТ со Амбасадорот Љупчо Арсовски
Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Љупчо Арсовски, амбасадор. Тој зборува за дипломатијата наспроти војната, руската инвазија и последиците, европските санкции и ефектите, глобалните интереси и нашите интеграции, македонската дипломатија и персоналните критериуми како и за уште по нешто.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Лесното, туку-така изедначување на „западната пропаганда“ и „источната пропаганда“ за агресијата на Русија врз Украина како рамносилно злонамерни и манипулативни (демек, „сите се исти“, во светот на Трамповите фејк-њуз медиуми!), е грубо фалсификување на медиумската реалност и во професионална и во морално-политичка смисла“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Ние и руската пропаганда: „Пет минути за Хитлер, пет за Евреите“?!.
БРЗА ПОШТА
“Војната во Русија поттикната од исклучително завојувачки мотиви повторно не’ подели, а што е пострашно се прават споредби со настани преку кои се релативизира новонастанатата агресија врз Украина. Нас ни треба солидарност со сите настрадани граѓани ширум светот, а не висока надворешна политика и преќутно одобрување на нападите на Русија и обвинување на други светски фактори за кризата. Во случајов Западот.“, пишува Сотир Габелоски во Брзата пошта „Да бидеме со Украина, после ќе се докажуваме кој е за Русите и Американците“.
Д. Тахири