Политичкиот аналитичар Бесим Небиу ја почна панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“, дел од меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, со една поговорка:
„Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок“.
„Кога СДСМ е на власт, опозицијата може многу лесно да дојде до власт, за разлика од 2017 година кога промената на власта одеше малку потешко, вели Небиу.
Според него, некој што не е дел од четирите големи партии, 2 од македонскиот политички блок и 2 од албанскиот блок, не може да победи на избори, бидејќи, како што вели, досега фактите беа такви.
Небиу додава дека ние немаме автентичен старт ап, некој да победи без претходно да бил дел од некоја партија и како пример го посочи случајот со Албин Курти во Косово.
Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите, смета Небиу.
Има две прашања кога политичарите секогаш се согласуваат, кога се работи за нивниот статус и кога се работи за изборната легислатива, истакна политичкиот аналитичар Бесим Небиу.
Понатаму, тој истакна дека Во Словачка има партија која има 250 членови, но тие се вистински членови,
За разлика, кај нас, каде политичка партија има 100.000 членови, но тие не се членови, тие се вработени, тие се клиенталисти, додава Небиу.
Небиу нагласува дека имаме затворен систем, правејќи паралела со нови брендови на цигари и политичките партии -триесетина година нема нови брендови цигари, а нема ни политички партии и идеологии.
„Викањето и дерењето е добар метод повеќе луѓе да ве слушнат… Треба радикално да го отвориме системот сега со гласање на локални избори. На пример во Хрватска 1/3 се независни градоначалници.
Небиу смета дека можеби идеално решение е да има отворени листи.
М. Д.
монтажа: Ариан Мехмети
камера: Атанас Петровски