На 31 август во Кинотека на Македонија на отворениот простор, во летен амбиент и поради пандемијата со Ковид 19 со ограничен број на посетители (осумдесетина поканети) се одржа премиерата на документарниот филм за историјата на Ромите „Небо-Точак-Земја“. Беа поканети дел од дипломатскиот кор, преставници од Владата и Парламентот на РС Македонија, општински преставници, културни и филмски работници и други, објави romatimes.news.
Пред премиерата му беше одедена почит со едноминутно молчење на истакнатиот ромски етнолог и истражувач проф. Др. Трајко Петровски кој воедно со своите искажувања беше и дел од овој филмски проект.
По проекцијата на филмот свој говор имаше и продуцентот на овој филм Зоран Димов и дел од екипата која работеше на овој филм, како и дел од присутните високи гости. Овациите на крајот од филмот беше знак дека на присутните филмот ги „допре“.
Впечатоците на присутните беа измешани, од една крајност на тој начин што дознаа многу интересни дотогаш непознати факти за Ромите од нивната историја, традиција, култура и воедно допрени од трагичната и тешка судбина низ разни периоди во историјата.
Еден од присутните новинари во својот впечаток и импресии напиша: „Филмот е одличен, многу ‘тивко’ соопштува бурна и драматична историја, прилично спокоен за гледање, а вознемирувачки со самата тематика, богат со разни битни и архивски материјали“.
Сега на ред е „Небо –Точак – Земја„ да го „освојува„ светот низ разни фестивали.