• Latest

Неделков: Очекуваме нова средба за договор, но извесно е дека и утре ќе има штрајк

April 25, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Неделков: Очекуваме нова средба за договор, но извесно е дека и утре ќе има штрајк

April 25, 2022 12:49
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

До овој момент нема договор со ресорните министри. Очекуваме потврда за работна средба во текот на попладневните часови, има таков сигнал дека попладне ќе се сретнеме во Владата. Меѓутоа, и доколку има средба, мали се изгледите дека може вечерва нешто да се случи за носење нова одлука и сѐ поизгледно е дека и утре продолжува штрајкот, изјави на прес-конференција Јаким Неделков, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) кој од 11 април организира генерален штрајк за повисоки плати на вработените во училиштата и градинките, објави МИА.

-Се надевам дека вечер ќе имаме добри резултати. Во секој случај, доколку немаме договор или продолжи процедурата на изјаснување на членството во однос на понудата што ќе ни ја дадат од Владата, јавноста ќе биде информирана и тоа би значело дека, најверојатно, и утрешниот ден ќе биде под знакот на штрајкот. До вечер сигурно ќе имате информација… Нашето очекување е во интерес на учениците, во интерес на децата во градинките, во интерес на родителите, во интерес на колегите коишто штрајкуваа, во интерес на Република Македонија. Владата да смогне сили и изнајде начин и средства, да ги договорат побарувањата коишто СОНК ги има  доставено во однос на усогласување на платите во дејностите што ги застапува – зголемување на минималната плата на национално ниво, продолжување на преговорите за потпишување колективни градинки во градинките и во основното и средното образование и секако, договор за динамика за пораст на платите во овие дејности за 2023 и 2024 година. Кога зборувам за овие дејности, не смееме да ги заборавиме дејностите високо образование и наука, како и ученички и студентски домови, рече лидерот на СОНК.

На прашањето кој би бил за нив прифатлив предлог, откако СОНК ја одби понудата на Владата за зголемување на платите од 10 отсто, Неделков одговори дека како што и досега истакнувале, „секој предлог којшто ќе биде понуден од Владата ќе оди на експресна расправа во членството“.

-И изјаснувањето на членството ќе биде пресудно за нас, дали ќе биде прифатена понудата или не. Така што, кој и да е предлог, не зависи од луѓето коишто се овде седнати, туку зависи од оние коишто го иницирале штрајкот и тие треба да донесат практично и одлука за да се повлече штрајкот, рече Неделков.

Поддршка на штрајкот на СОНК му даде и директорката на Европската конфедерација на Синдикатот за образование, Сузан Клокен која на прес-конференцијата  рече дека имаат 127 организации членови и дека СОНК е важен член. Истакна дека го претставуваат гласот на околу 11 милиони наставници во Европа и дека е дојдена да ја искаже солидарноста за СОНК и неговите барања за повисок стандард и плати за наставниците, посочувајќи ја и улогата на наставниците во обезбедувањето пристап до образование во време на пандемија.

-Тие ја заслужуваат нашата почит, заслужуваат подобро отколку само зборови. Образованието е повеќе од само образование , тоа е подготовка на идните генерации и наставниците. Квалитетно образование е темел  на целото општеството. Стоиме до колегите наставници овде во борбата за нивните права, рече Клокен, додавајќи дека ќе има средба и со министерот за образование за јасно да ги поддржи барањата на СОНК.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ