• Latest

Неделков пред средбата во МОН: Оптимисти сме за денешната средба

April 13, 2022

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Неделков пред средбата во МОН: Оптимисти сме за денешната средба

April 13, 2022 15:45
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со оглед на тоа што денеска и официјално од Министерството за образование и наука имаше изјава дека има сериозен пристап кон решавање на овој проблем односно максимални напори да се доближат со процентот што го побара СОНК, само по себе дава за право да бидеме оптимисти на денешната средба и од министерот за образование и наука да слушнеме нешто поконкретно, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура Јаким Неделков пред почетокот на средбата во МОН од кое денеска добиле покана за нова средба за преговори за платите, пренесува МИА.

Три дена се штрајкува, а претходно, рече тој, поминаа и 30 дена во преговори, но не е добиен конкретен предлог на барањето на СОНК.

-Од таа причина убедени сме дека денеска ќе имаме нешто повеќе да и соопштиме на јавноста. Во секој случај, ние сме секогаш отворени за соработка, максимално сме конструктивни и сакаме што побрзо штрајкот да заврши, се во интерес на учениците и на родителите, изјави Неделков пред средбата закажана во 15 часот во МОН.

На прашање дали утре во училиштата ќе прекине штрајкот доколку денеска биде постигнат договор со МОН, Неделков одговори дека тоа ќе зависи од повеќе фактори и од тоа колку, како што рече, „ние брзо и ескспедитивно предлогот ќе го доставиме до синдикалните организации“.

-Тоа би значело во поладневните, вечерни часови, за  повратно да добиеме одговор од 600 синдикални организации и 20 регионални одбори сумирани резултатите за вечерва, ноќеска, Советот на СОНК да донесе одлука. Теоретски е возможно, но практично сме цајтнот со време. Да бидеме оптимисти – ако навистина има добар предлог, ние не би спиеле цела ноќ, би работеле со нашето членство за да изнајдеме решение. Но, велам, ако имаме соодветна, коректна понуда која навистина ќе може да помине во членството, рече Неделков.

Поканата за нова средба во обид за договор за платите на вработените во образованието и градинките беше најавена во понеделникот, на првиот ден од генералниот штрајк. СОНК денеска добил покана од МОН откако претходно на Фејсбук ја поздрави заложбата на министерот за образование и наука за изнаоѓање  средства за задоволување на барањата на вработените во дејноста образование.

Министерот Јетон Шаќири во интервју за ТВ Алсат вчера изјави дека МОН е подготвен да пренамени дел од својот буџет за да се доближи до процентот на покачување на платите што го бара Синдикатот.

– Ова нека биде добар пример и поттик за Министерството за труд и социјална политика во правец на надминување на моменталната ситуација, објави денеска Неделков на Фејсбук.

Министерот за образование и наука во интервјуто изјави дека е подготвен да направи отстапки од повеќе инвестициски и други активности дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, кои  предизвикуваат фискални импликации, со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближи до процентот на покачување на платите на наставниците што го бара СОНК.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ