Неизбежно е денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој е одговорен за состојбата со јавниот превоз во Скопје?
Жителите на Скопје се ставени во невозможна ситуација. Илјадници луѓе мрзнат со денови, трошат големи износи за такси превоз, а голем дел од нив се снаоѓаат за превоз со пријатели и роднини. Тоа предизвикува дополнителни трошоци за гориво, а за ефектот на животната средина и да не говориме.
Да одговориме заеднички на прашањето, со отворени очи и да не дозволиме пропагандните канали на структурите на моќта да ја заматат сликата. Одговорете во коментари или, ако сакате да останете анонимни, пратете ни порака.