Остануваат помалку од два часа до затворање на гласачките места (17 часот по локално време) на неизвесните претседателски и парламентарни избори во Турција. Вообичаено, излезноста на гласачите е прилично висока. На изборите во 2018 година, излезноста беше 87%.
Доколку ниту еден претседателски кандидат не освои повеќе од 50%, се оди на втор круг гласање, две недели подоцна.
Турскиот закон забранува известување за какви било резултати до 21 часот, кога се очекува да бидат познати првичните резултати и дали може да се прогласи победник или ќе се оди на втор круг гласање.
Ердоган е на власт веќе две децении – прво како премиер, а потоа и два мандати како претседател. Неговиот главен предизвикувач е Киличдароглу кој предводи широка коалиција од партии и од левицата и од десницата. Сите заедно се борат за промени и ставање крај на децениското владеење на Ердоган.
Џ. Д.