• Latest
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026 19:21
in ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Бранко Тричковски

Техничко-технолошкиот напредок, социјалните мрежи и другите медиуми, геополитичките драми, демографските феномени, особено миграциите, природата и правецот на времето со своите, јас би рекол, во таков амбиент закономерни интервенции во вредносните системи, па и самата демократија со својата природа и операционализација, го уништија или битно изместија интегритетот на човекот кој беше или можеше да биде субјект на слободата, правото и пристојноста, односно достоен на демократијата и таа на него.

Нема човеци за демократија и не постои демократија за актуелните деформитети на хомо сапиенсот.

Но нема на повидок ниту приближно подобра алтернатива на демократијата.

Со сите слабости.

Демократијата не успеа во доволна мерка да изврши регулација на афектите во големите општествени тела наспроти огромните промени во егзистенцијата, па дури и во природата на човекот. Обратно, дозволи со самата своја природа, пред сѐ, со бавноста и неефикасноста, со толерантноста кон политички маскираното зло, да учествува во навикнувањето на возбуди и создавањето на зависност на масите од омраза и насилство индуцирано со партиски, медиумски и хибридни стимулации, за чие отстранување ќе биде потребно ништо помалку од културно-револуционерно прилагодување на целокупната парадигма или излез од неа.

Во доктринарна и функционална смисла мора да се скусат проекциите и да се преземе одговорноста за решавање на работите сега.

Развојот, социјалната сигурност и благосостојбата на луѓето, интеграцијата, иницијативноста, дебирократизацијата, одбраната, солидарноста, ефикасноста, а не едногласноста, мора да бидат предмет на решавање веднаш.

Целиот концепт за народите и граѓаните како суверени кои се, као, власт, заедно со принципот еден човек еден глас, мора да се ревидираат.

Еден човек еден глас станува опасен инструмент ако не го следи културната обнова на човекот и на неговите заедници. Тоа е сложена, теориска и практично политичка работа, која тешко или речиси невозможно, може да се оствари во овој момент, но важно е да почне да се размислува во таа насока.

Деструктивните сили, нацифашистичките формации, посебно, не смеат да се третираат како демократски фактори, односно фактори на демократската игра. Тие не се силни и паметни, тие се мечки кои на реката на демократијата ги чекаат своите лососи.

Системот еден човек еден глас оди во прилог на мечките затоа што условите за манипулација на простата маса се енормно поголеми од оние за развивање на одговорноста кај нормалните.

Демократијата не може да се потпре само на своите плуралистички принципи ако на другата страна има понуда која е против демократијата, против слободата и е опасна за животот на заедницата. На што личи тоа да се тресе цела Европа дали АфД ќе победи во некоја германска провинција или во цела Германија. Тоа е како да знаеш дека кафеаната ќе експлодира, но чекаш да видиш што ќе кажат гостите. Нивните гласови да ги собереш.

Развојот го деградира човечкиот фактор. Го оглупавува и разгневува. Не сака да чека, сака сѐ и сака веднаш. Радикалите му даваат слобода да мрази, му ги наоѓаат виновниците за неговите неуспеси и порази. Тоа, заедно со надежта дека ќе се освои власта како што се освојува банка, е сосема доволно за мнозинство.

Луѓето го претпочитаат хаосот пред редот, го презираат знаењето и моралот кои ги кочат во остварувањето на нивните желби и интереси.

Тоа се елементи кои демократијата мора да ги има предвид и да ги решава. Не е доволен фактот дека на луѓето нема да им биде подобро во ниту еден друг систем.

 


Овој текст е дел од иницијативата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември. На покана на ЦИВИЛ, автори од различни области придонесуваат со свои размислувања за состојбата, предизвиците и одбраната на демократијата. Ставовите изнесени во текстот се лични ставови на авторот.


По повод Меѓународниот ден на демократијата, прочитајте ги и соопштенијата на ЦИВИЛ – Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија. и на DDGI и WA4U – Во одбрана на демократијата. Во солидарност со Украина.

Твојот глас.

Твојата слобода.

Нашата демократија.


Лагите и насилството се штитат со гушење на независните медиуми и граѓански организации.

Поддршка за ЦИВИЛ

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ