• Latest

Нема договор за зголемување на минималната плата, разговорите продолжуваат в петок

February 2, 2022
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Нема договор за зголемување на минималната плата, разговорите продолжуваат в петок

February 2, 2022 20:00
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

 Барањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари денеска се разгледуваше на седница на Економско-социјалниот совет, но, ниту по неколкучасовна расправа Владата, синдикатите и работодавачите не постигнаа договор. Консензус, посочија, има единствено дека минималната плата треба да се зголеми, но, не и за колку или на каков начин да се дојде до тоа, пренесува МИА.

-Имавме навистина конструктивен дијалог како можеби никогаш невиден на нашите простори. Имаме консензус дека минималната плата ќе се зголеми. Дијалогот ќе продолжи во петок, после 16 часот. И ги уверувам сите граѓани коишто се во категоријата на приматели на минимална плата, дека наскоро ќе има консензус околу нивните покачени минимални плати. Но, кажавме, дека единствениот начин како да се стигне до достоинствена плата за нашите работници е креирање систем што е долгорочен, што нема да ги остави на волјата на една Влада, кога таа ќе сака или ќе има слух или на различните страни како што се синдикатите или организациите на работодавачи, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според него, треба да се зборуваме за креирање систем, механизам, кој и наредните години ќе осигура дека минималната плата навистина е достоинствена и, како што нагласи, веќе ќе заборавиме да зборуваме за минимална плата, туку за достоинствени плати на нашите работници.  

За тоа зошто денеска не е постигнат договор и зошто се остави одлука да биде донесена во петок, вицепремиерот истакна оти станува збор за трипартитен дијалог помеѓу синдикати, организации на работодавачи и Влада и оти во секој дијалог ако се сака да се дојде до решение мора да се почне од некаде и да се стигне до одредено решение.

За претседателот на ССМ Дарко Димовски, предлогот што го дале работодавачите на крајот од денешната седница е само обид да купат време.

-Се преговараше три саати и кога преовладаа аргументите на страната на ССМ и на останатите синдикати работодавачите во 5 до 12 излегоа со свој предлог. Аргументите беа на наша страна ја убедивме Владата како социјален партнер дека минимална плата навистина треба да биде 60 проценти од просечната плата, но, Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) само сака да купи време до петок со измислено предлог решение, вели Димовски.

Тој е дециден дека доколку не се дојде до решение, останува штрајкот како следен чекор на синдикатите.

-Штрајкувачките одбори остануваат ние во петок имаме закажано органи и тела на Сојузот. Ќе дојдеме и во 16 часот во петок и ќе им соопштиме дека доколку не се одобри ова што го бараме ние стапуваме во генерален штрајк, вели Димовски додавајќи дека аргументите и анализите се на страна на синдикатите и оти тие покажуваат дека минималната плата мора да расте, како и сите останати плати согласно закон и колективен договор.

Според него, предлогот на работодавачите е чекор назад во правата на работниците.

Претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајковска појасни дека предложиле критериумите по однос на одредување на минималната плата да претрпат измени.

-Очекуваме предлог и од Владата дали ќе бидат прифатени нашите идеи. Имавме некоку идеи, истите дали ќе бидат прифатени или не. Синдикатот имаше нивни идеи. Очекуваме компромис помеѓу сите три чинители, рече таа додавајќи дека решението треба да е соодветно на сегашната состојба во економијата. 

Според неа, ваквите разговори се единствениот начин како може да се дојде до решение.

-Четри месеции претходно се разговараше во медиумите, меѓутоа ништо конкретно на маса. Задоволни сме што конкретно Владата организираше седница на ЕСС за да можеме да ги искажеме нашите ставови по однос на нашето размислување за минималната плата и придобивките како на работодавачите, така и на работниците во тој дел. Излеговме со наши предлози, меѓутоа очекуваме како што кажавме, очекуваме од службите на Владата да излезат со анализи во однос на нашите предлози и дури тогаш ќе можеме да зборуваме за конкретни предлози, конкретни бројки, и конкретни износи, рече Трајковска.

Додека за ова прашање се разговара меѓу социјалните партнери, Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата што го поднесе  „Левица“ е ставен на дневен ред на собраниската седница закажана за 10-ти овој месец.

Според веб-страницата на Собранието, Предлог-законските измени се ставени како седма точка на дневен ред. Предлог-законот треба да биде донесен по скратена постапка, а со него се предлага висината на минималната плата да не биде пониска од 60 проценти од просечната исплатена нето-плата во последните три објавени месеци, согласно со податоците објавени од Државниот завод за статистика.

Предлог-измените се во согласност со барањата на Сојузот на синдикати на Македонија, кој лани поднесе иницијатива до Собранието за измени на Законот за минимална плата.

Поради зголемените трошоци за живот и енергетската и ковид кризата, Синдикатот бара минималната плата веднаш да биде зголемена на 18.000 денари.

Засега, освен Левица, најава за поддршка на законот дадоа и од ДОМ и Демократскиот сојуз.  Вицепремиерот Битиќи рече дека владејачкото мнозинство ќе го поддржи само доколку за такво решение биде постигнат консензус на социјалните партнери.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ