• Latest

Нема официјален допис од ЕУ за патување со стариот пасош, секоја држава самостојно одлучува како ќе се однесува

February 21, 2024

Зеленски во Вашингтон: Одбранбена автономија, нови санкции и разбивање на руските хибридни операции

July 29, 2026

Оленивка: Масакрот врз украинските заробеници, руските лаги и четири години борба за правда

July 28, 2026

Од „Нежната сингуларност“ до „веќе сме во неа“: Една година подоцна, Алтман ја надградува пораката, суштината останува иста

July 28, 2026
Сем Алтман, ТЕД, 2025 (фото извор: Википедија)

Нежната сингуларност

July 28, 2026

Демократијата се дави во дигиталниот шум

July 28, 2026
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност за над 4.000 затруени граѓани сè уште нема

July 27, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Неписмени дипломци

July 27, 2026

Кога и цртањето на табла не помага

July 27, 2026

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нема официјален допис од ЕУ за патување со стариот пасош, секоја држава самостојно одлучува како ќе се однесува

February 21, 2024 16:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

До Министерството за надворешни работи нема официјален допис од Европската Унија дека ќе дозволуваат влез со пасоши кои го содржат старото државно име. Земјите членки сами одлучуваат како ќе се однесуваат во однос на валидност на пасошите, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи денеска на прес-конференција соопшти дека досега само две земји имаат донесено официјален став, додека другите држави се поставуваат практично.

-Швајцарија достави официјална нота дека ќе дозволува влез со старото име, додека Босна и Херцеговина нема да ги признава личните карти и пасоши кои го содржат името „Република Македонија“, изјави Османи.

Шефот на дипломатијата вели дека изјавата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски е погрешно интерпретирана, бидејќи нема официјална нота.

-Во главно, граѓаните немаат поголеми пречки во однос на враќањето дома, прво затоа што ние се организиравме во дипломатско конзуларните претставништва, овозможивме бесплатни патни листови и да се достават преку пошта, а во многу држави не ги бараат патните листови – додаде Османи.

Во однос на излегување од земјава, Османи вели дека нашиот закон не дозволува да се поминат границите со старото име.

-Сите обиди да се направи јавен притисок за продолжување на рокот на пасошите е нечесен без притоа да се седне на маса меѓу партиите. Уставот вели дека не можат да се сменат со закон. Преспанскиот договор е во сила и ние го почитуваме и имплементираме. Можеме да седнеме и да направиме планови. Не е коректно партиите коишто со години им кажуваат на граѓаните дека ќе го вратат името сега да повикуваат на нешто друго, а голем дел од граѓаните и ги послушаа. Ајде да се организираме и да помогнеме на граѓаните, за да издаваме повеќе пасоши, додава тој.

Претходно, техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека денеска добил допис од Брисел дека ЕУ нема да прави проблем доколку граѓани на Македонија треба да патуваат со пасоши со старото уставно име.

-Денеска добив на писмено информација каде комитетот за патни исправи на Европската комисија одржал состанок, ми беше најавено од белгискиот амбасадор. Ќе имаат разбирање за проблемот и ќе бидат максимално коректни и воздржани во однос на нашите граѓани. Нашите граѓани кои се надвор од Македонија, 70.000 се со старото име во Германија, тоа го имаат Германците како податоци, ние го немаме. Тие без проблем ќе може да отидат во Унгарија и Чешка, но нема да можат да излезат од Македонија ако дојдат дома. Европскиот комитет дава мислење до земјите да имаат разбирање. А ние што правиме – само Македонија, освен Грција, ќе крши основно човеково право на слобода и движење, заради тоа што пратениците од владејачката структура – од СДСМ и ДУИ, не сакаат да стиснат едно копче, рече тој.

Министерот Тошковски истакна дека дневно може да се изработат само по 3.000 нови пасоши, но во оптимизирани услови и нагласи дека најважно е да не се изгуби континуитетот и динамиката во испораката на обрасците.

Извор: Слободен печат

Tags: МНРОсманипатни исправиТошковски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ