поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Нема парламентарна демократија со пратеници – партиски платеници.
Сè додека може, ДУИ нема да дозволи промени на постојниот изборен модел. Постојано и без крај ќе бара „широки консултации“, „консензус“ и „длабоки и сестрани анализи“. Со било кој друг изборен модел, ДУИ не ќе може за пратеници да кандидира лица што не знаат да работат ни како молери, или дури и 20 години на седница на Собранието да не побараат збор.