• Latest

Нема поскапување на парното за домаќинствата, тврди Бислимоски

March 25, 2024

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нема поскапување на парното за домаќинствата, тврди Бислимоски

March 25, 2024 13:44
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги преземе сите механизми за да имаме стабилна ситуација со цената на топлинска енергија имајќи ги во предвид цените со природниот гас на берзите во Европа, порача денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и додаде дека во никој случај нема да поскапи парното за домаќинствата.

-Во ниту еден случај нема да дојде до никакво поскапување на цената на топлинска енергија за домаќинствата, единствено може да дојде до намалување во зависност дали ќе има субвенции, дали ќе нема. Во текот на јули вообичаено ние ќе ја донесеме таа одлука. Можевме и сега да носиме популистичка одлука, кога ја намаливме цената за не домаќинствата, но се решивме да им се помогне пред се на овие потрошувачи кои во текот на енергетската криза ниту еднаш не беа субвенционирани, рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција, пренесува МИА.

Во првата шанса која што ја имавме во делот на топлинската енергија, додаде, веднаш изреагиравме како РКЕ и цената на сите недомаќинства коишто се приклучени на системот за топлинска енергија во градот Скопје заради очигледно намалени трошоци за набавка на природен гас ја намаливме за 35 проценти.

-Во наредниот период ќе ја следиме ситуацијата со цената на природниот гас и ќе видиме како понатака тоа ќе се одрази. Загрижува фактот што ТЕ-ТО дава нешто помалку од тоа што сме го предвиделе да го дава на мрежа, но понатака како ќе проаѓа времето ќе анализираме, ќе имаме состаноци со ТЕ-ТО и со ЕСМ дистрибуција на топлинска енергија да видиме што било причината за тоа, рече Бислимоски.

Нагласи дека топловодот на мостот „Беласица“ кој беше оштетен во пожар нема влијание на работата на ТЕ-ТО.

-Мислевме дека има, ама сега нема влијание, но ќе видиме зошто ТЕ-ТО од средината на декември па некаде до 10 јануари не произведувал ни електрична енергија, а со тоа ни топлинска енергија бидејќи цената на природниот гас била таква што цената на електричната енергија не ги покрива трошоците за работа, истакна Бислимоски и посочи дека ТЕ-ТО дава топлинска енергија кога му дозволуваат пазарните услови.

Прецизира дека било предвидено ТЕ-ТО да дава околу 60 проценти од топлинската енергија, а во системот испорачувало под 50 проценти.

-Не можеме да бараме од ТЕ-ТО како нерегулиран производител ни на електрична ни на топлинска енергија да дава нешто што би го носело во големи загуби. ТЕ-ТО дава топлинска енергија кога му дозволуваат пазарните услови. Ние не можеме до крај да бараме од ТЕ-ТО произведувај повеќе топлинска енергија а помалку електрична енергија кога јасно е дека најголемите добивки ТЕ-ТО си ги прави на слободниот пазар на електрична енергија од продажба на електрична енергија, појасни Бислимоски.

Tags: парноРКЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ