Ирската престолнина забележа избувнување на нереди во четвртокот вечерта, кога бунтовниците ги кршеа излозите на продавниците, запалија возила и се судрија со полицијата. Немири избувнаа во центарот на градот по нападот со нож претходно истиот ден, во кој беа повредени четири лица, пренесува Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека дезинформациите и екстремно десничарските „хулигански“ групи се виновни за насилството.
Денеска, ирската полиција уапси 34 лица откако демонстрантите уништија 11 полициски возила и тешко оштетија 13 продавници за време на судирите со полицијата.
Три автобуси и еден трамвај беа исто така уништени, а неколку полицајци беа повредени во текот на повеќе од три часа постојано насилство, известуваат од Би-Би-Си.