• Latest

Неправда во име на правдата за обвинетите лидери на ОВК

April 10, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Неправда во име на правдата за обвинетите лидери на ОВК

April 10, 2023 13:24
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БЕКИМ КАБАШИ

Судскиот процес против водачите на ОВК започна две и пол години по нивното апсење. Отстапувајќи од првобитната идеја, обвинението кое народниот потфат за слобода го обвинува како здружен злосторнички потфат, судот снабден со досиеја од Србија и прикривање на ослободителни докази и многу други дејствија, докажуваат дека Обвинителството прави многу неправда, повикувајќи се  во име на правдата.

Отстапување од првичната идеја

Специјалниот суд отстапи од првичната идеја за неговото формирање, која потекнува од Извештајот на швајцарскиот сенатор Дик Марти – кој тој го објави во 2010 година и ги обвини припадниците на ОВК за трговија со органи. Долгогодишната  истрага на Дик Марти за наводите за трговија со органи, не покажа ништо. Тие не беа опфатени во обвинението што Специјалниот суд го поднесе против водачите на ОВК. Но, тие десет години натежнаа врз  Косово му го извалкаа имиџот – внатрешно и надворешно.

Обвинението на ОВК преку доктрината „Заедничко криминално здружение“

Обвинението поднесено во април 2020 година од Обвинителството на Специјалниот суд против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, ги товари за воени злосторства – опишувајќи ги како „Заедничко криминално здружение“. Точката 35 од обвинението ги прикажува како членови на „Заедничкото криминално здружение“ речиси сите политички и воени лидери на ОВК – од Генералштабот, команданти и заменици команданти на области, бригади, единици, до најобичните  војници и други кои дејствувале во име на ОВК. Обвинението на ОВК се смета за обид да се препише историјата на борбата на народот на Косово за слобода и историјата на косовската држава.

Српски досиеја

Српските власти неколкупати тврдеа дека до Специјализираното обвинителство поднеле досиеја против ОВК. Тимовите на одбраната на обвинетите во Хаг пред извесно време заеднички побараа Специјализираното обвинителство да ги открие материјалите што ги поседува од Србија и има намера да ги користи во судскиот процес против водачите на ОВК. Тие побараа да се открие потеклото на кој било материјал што го поседува Канцеларијата на Специјализираното обвинителство – чие потекло е, или се чини дека е Република Србија, или некое од нејзините минати и сегашни тела или институции. Тимовите на одбраната со право оценија дека доказите кои потекнуваат од Србија ризикуваат да се направи непоправлива штета врз  интегритетот на оваа постапка.

Прикривање на ослободителни докази

Прикривањето на ослободителните докази од страна на Специјализираното обвинителство беше една од силните теми на статусните сесии. Тимот на бранителите откри дека Специјалното обвинителство задржало некои ослободителни докази за обвинетите. Обвинителството го чуваше во тајност за одбраната и судот сведочењето на поранешниот висок дипломат на ОБСЕ, Ден Евертс, кој служеше во мисија на Косово веднаш по војната, а кој пред Обвинителството изјави дека криминалните активности, по јуни 1999 година, беа спроведени од поединци кои бараа можност за лична корист и не беа дел од кампањата организирана од албанското раководство.

Обвинителството е обвинето и за криење на два важни документи: писмо од американскиот Стејт департмент, од 4 мај 1999 година, во кое се наведува дека нема политичка структура или ефективна команда и контрола на ОВК, и извештај на ЦИА – од јануари 2000 година, каде што се тврди дека не се пронајдени докази дека ОВК извршила терористички дејствија. Специјалното обвинителство го чуваше писмото во тајност.


Авторот е новинар и политички аналитичар во косовскиот портал „Репортери“.
Фактите, ставовите и анализите на водечки интелектуалци во Косово и во регионот, ексклузивно на ЦИВИЛ Медиа.
Со цел да придонесе кон расветлување на фактите и да ги приближи ставовите и анализите на водечки интелектуалци во Косово и во регионот и да поттикне аргументирана дебата на оваа тема во македонската јавност и пошироко, ЦИВИЛ Медиа стапи во комуникација со повеќе истакнати аналитичари и интелектуалци во Косово и регионот. На оваа медиумска платформа може да се најдат ексклузивни факти, ставови и анализи за оваа важна тема. Без оглед на разликите во ставовите и анализите, несомнено е дека овој судски процес против поранешните лидери на ОВК во кој им се суди за наводни воени злосторства, претставува сериозен преседан чии последици може да бидат далекусежни, како за Косово, така и за целиот регион.
Tags: КосоволидериОВКспецијален суд
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ