ВМРО-ДПМНЕ одржа краток, но крајно нервозен и конфузен прес во своето седиште. Моменталниот генсек на партијата, Игор Јанушев, одби да одговори на некои прашања, а целото внимание го насочи на обвинувања на сметка на премиерот Зоран Заев. Според него, владејачката СДСМ се обидувала со поткуп и уцени да го обезбеди двотретинското мнозинство за гласање на уставните измени во парламентот. Сепак, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на продолжението на седницата во 21 часот.
Екипата на ЦИВИЛ Медиа и во живо го пренесуваше овој прес на ВМРО-ДПМНЕ.
камера: Дехран Муратов
монтажа: Биљана Јордановска
Фејсбук видео и фотографија: Маја Ивановска