поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Несфатливо е Заев да измисли дека Таравари во Гостивар се гушнал со Мицкоски, а нему да не му сметаат тие што од притвор го спасија Вељановски, организаторот на пучот кога му ја скршија главата и за малку ќе го изгубеше животот.
ЛАГИ
Инаку, и Мицкоски, Албанците во Гостивар нема да ги излаже помалку од Заев тие од Мала Речица кога, за да ја помогне Теута, им вети дека ќе им го изгради училиштето со пари обезбедени во буџетот од 2018.
По сѐ изгледа дека и по одлуката на ЕУ, нема да дојде до големо разочарување кај населението, нема да се врати национализмот, Владата нема да го загуби неопходното мнозинство во Парламентот, нема да се отвори простор за популизмот и радикализмот, нема да се демотивираат Белград и Приштина да најдат заеднички јазик за косовското прашање и нема да се остават празнини што би ги пополниле Кина, Русија и Турција.
НЕКАЗНИВОСТ
Нажалост, ќе останат неказнети и сите политичари кои државата ја заробија, ја опљачкаа и ја донесоа во „многу тешка кризна ситуација” (Прибе).
ТОЛКУВАЊА
Изјавите на досегашните и некои други политичари во ЕУ дека е направена голема грешка што Македонија не ја доби поканата за почеток на преговорите, политичарите од власта ги толкуваат и прикажуваат како да е исто или подобро, отколку поканата да ја добивме.
ДРСКОСТ
Да биле точни констатациите на ЕК, содржани во сите нејзини годишни извештаи дека Македонија ги исполнува сите услови за почеток на преговорите, освен спорот со Грција за името на државата, не ќе се случеше со запрепастувачките разговори од снимките да се обелоденат злоупотреби на власта од државни функционери на ВМРО и ДУИ и нивното сѐ уште дрско одбивање да прифатат одговорност и да не ги спречат напорите за спроведување на потребните реформи во државата.
Не ќе се случеше државата да стане заробена и да се втурне во многу тешка кризна состојба од која и со помош на ЕУ и САД, не може да излезе.
ИСПОРАКА
Ова искуство и Амбасадорот Жбогар и другите функционери на ЕУ, сега и во иднина, треба да го имаат предвид, кога даваат изјави од типот „испорачавте сѐ што беше побарано од вас”.
Ова важи и за другите држави на Западниот Балкан.
ЗАСЛУГИ
Колку заслужен е Заев за објавувањето на „бомбите” за функционерите на ВМРО, толку е виновен зашто вети и, спротивно на препораката на Венецијанската Комисија, не ги објави тие на функционерите на ДУИ. Отиде до таму, дури и со закон да го забрани нивното објавување. Согласно овој закон, овие денови се очекува судот во Кичево да го казни Ел Чека, кој објавува снимки од овие запрепастувачки разговори.
Веројатно се очекува, по објавувањето на оваа пресуда, Европскиот Совет да ја повлече одлуката за одлагање на почетокот на разговорите со Македонија.
КОМАНДА
Чувме и тоа, дека Заев бил решен да си даде оставка, ама Али не му дозволил. Ова значи дека под негова команда не биле само неговите министри.
НАДЕЖ
Не се многу во право тие што го напаѓаат Амбасадорот Тимоние. Тој уште на почетокот на октомври го изјави следното: „Се работи дека и ние сме да ја задржиме жива надежта за Македонија, меѓутоа не на тој начин што сега би ги отвориле преговорите само за надеж и нема да успееме со декади да ги затвориме затоа што нема реален прогрес”.
(НЕ)ДОВЕРБА
Очигледно, за разлика од премиерот Заев, Амбасадорот не им верува на нашите политичари кои на средбите со него, го убедуваат дека се за владеењето на правото. Истите тие лидери за кои во тек се истражни постапки за криминал и корупција. Постапки чиј крај никако, со години, не завршува, затоа што „независните” и на своите партии, лојални судии, рочиштата ги одложуваат сѐ додека истите не застарат.
Не треба да очекуваме за реформи на правосудството да се ангажираат и сегашни функционери кои, само што стапија на должност, се нафрлија на Антикорупциската со закана дека ќе ја тужат во Стразбург, зашто се осмели да ги отвори првите постапки за корупција, непотизам и злоупотреба на должноста.
НЕДОГЛЕД
Не за две ипол години, туку со овие политичари преговорите нема да завршат со декади, госпоѓа Шекеринска.
СКРИНИНГ
Никој не знае како во иднина ќе изгледа преговарачкиот процес, доколку ЕУ ја усвои новата методологија која ќе ја предложи претседателот Макрон. За т.н. СКРИНИНГ кај нас своевремено се зборуваше само два дена. Остана непознато кога почна, колку траеше и дали и кога заврши. Дали во нашиот тим за преговори ќе може да учествуваат функционери за кои во земјата се водат истражни постапки за криминал и коруоција, исто така не е познато.
ПОСВЕТЕНОСТ
За Бујар Османи евроинтеграциите не беа единствена цел на чие остварување беше максимално посветен последниве две години, како што пишува весникот Слободен печат. Него премиерот Заев го ангажира и да ја координира изградбата на автопатот Скопје-Блаце, додека лидерот на партијата, за да ги надгледува двојазичните натписи на јавните институции. Затоа, не е корекно вината за слабите резултати, да му се припишува само нему.
СПАС
Од запрепастувачките снимени разговори се обелодени како кинеската компанија Сине Хидро и унгарската Маѓар Телеком ги подмитиле тогашните високи функционери на власт во Македонија со десетини милиони евра.
Сега, истите нивното присуство во Владата и Собранието, како и отсуството на правната држава, го користат за да се спасат од кривичната одговорност.
НАПРЕДОК
Освен реформата на ЕУ и новата методологија за процесот на преговорите за зачленување, како причини за ветото на Франција, пред овдешната јавност ретко се зборува и се пишува дека Макрон и Тимоние на време го рекле и ова:
„Нам ни треба напредок во нашите процеси, па дури тогаш ќе можеме да отпочнеме разговори со нив, ама не како досега, како што е вообичаено, бидејќи тоа веќе нема смисла”.
Во живо прес конференцијата на Емануел Маркон
Gepostet von Радио Мрежа Канал 77 am Freitag, 18. Oktober 2019
„…Се разбира дека и ние сме да ја задржиме жива надежта за Македонија, меѓутоа не на тој начин што сега би ги отвориле преговорите само за надеж и нема да успееме со декади да ги затвориме затоа што нема реален прогрес”(Тимоние).
Oва Амбасадорот го изјави на 6 октомври во интервјуто за порталот на албански Порталб.
СПРЕМНОСТ
А Бујар Османи вика „па кога ќе биде спремна ЕУ, нека ни се јави”, затоа што „ние сме најдобриот пример за земја што вложи сѐ во идејата за европеизација на регионот. Тоа не е влог само за нас, туку и за ЕУ и за овој регион”
Историска грешка е што Македонија не ја доби поканата од ЕУ, како што е, исто така, грешка да се тврди дека во државата се спроведени потребните реформи и дека „ние сме најдобриот пример… за европеизација на регионот” или „кога ќе биде спремна ЕУ, нека ни се јави“.
Кога останува неказнет толку голем криминал и корупција.
БИФТЕК
Владата нема причина да не го прифати предлогот на опозицијата за избор на директор на Државниот Завод за Ревизија, напротив.
Причина да бидат против имаат само министрите кои со пари од буџетот јадат бифтек.
ДОКАЗ
Сигурно не е голем бројот на тие што веруваат дека актуелната политичка елита, во која се присутни и поединци од претходниот режим, кои лично се вмешани во криминал и корупција, да го дозволи донесувањето на законот за ЈО со кој се решава судбината на СЈО, правната завршница на случаите на СЈО, аферата Рекет и клучните реформи во правосудството. Со тоа ќе докажеме дека Франција била во право со ставањето вето на процесот на преговорите.
ПОФАЛБИ
Некои со пропаганда и натаму продолжуваат да нѐ убедуваат дека дури подобро е за нас некои да нѐ фалат, отколку да ја добивме поканата за почеток на преговорите.
ГАРАНТ
Метју Палмер знае дека не е, а не може ни да биде, колку и да истакнува некој, гарант на Преспанскиот договор, Охридскиот и тој со Бугарија, тој што не е ниту нивен потписник.
Тој во текот на средбите сo нашите „лидери“, сигурно повеќе прашувал за борбата против криминалот и корупцијата, за реформата во правосудството, владеењето на правото, за Законот за јавно обвинителство и статусот на Специјалното обвинителство, за текот на покренатите истражни дејствија од Специјалното обвинителство и нивното правно финализирање, за третирањето на кривичните дела кои произлегуваат од запрепастувачките прислушувани разговори на високи државни функционери.
Кои биле одговорите на неговиот соговорник, знае само тој.
СОГЛАСНОСТ
Конечно и на инаку сталожениот професор Денко Малески му пукна филмот, па и јас сакам да го парафразирам кога кажува дека ги разбира француските резерви и он би се замислил дали во својот сојуз ќе прими народи што не застануваат на црвено светло на семафор, се корумпирани, немаат свест за правда и правна држава, лажат и крадат и бираат такви претставници во власта кои пет години не можат или не ги интересира да утврдат кој ги прислушувал и чии корумпирани политички претставници шетаат на слобода и настапуваат на телевизија и, јас би додал, ни делат лекции како и тие се за владеење на правото, за интеграција во НАТО и ЕУ, а Премиерот изјавува дека во нив има доверба.