Актерката Несрин Таир во видео порака за Иницијативата „Обединети во различноста“ повикува да се обединиме во различностите и ја искажа својата верба дека во нашата земја има многу човекољупци. Таа во своето обраќање, го цитира нашироко познатиот турски уметник, Зулфи Ливанели, инспириран од една мисла на Достојевски, вели дека убавината ќе го спаси светот…
Јас сум порасната во космополитски дух, мене моите родители ме воспитаа дека сите луѓе сме еднакви во светот и дека треба да се обединиме во различностите. Досегашното мое животно искуство ми кажува дека генерално, национализмот доаѓа од таму што ние не ги познаваме разликите на другата нација. Значи, не знаеме да ги вреднуваме различните карактеристики што ги има другата нација, а во исто време и немање никаква желба да се запознаат културните и традиционалните вредности на другата нација. Имајќи предвид дека секоја една индивидуа, сама по себе и секоја една нација може бесконечно да расте и да се развива и културолошки, интелектуално и духовно и општествено. Ние ќе мора на крајот на краиштата да се обединиме во различностите, затоа што само така ќе можеме да одиме понатака.
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.