Нетфликс и ТикТок ги прекинаа повеќето од нивните услуги во Русија во неделата, бидејќи руската влада презема мерки за тоа што луѓето и медиумите смеат да кажат за руската војна во Украина, пренесува АП њуз.
Повлекувањето на онлајн забавата – и информациите, веројатно дополнително ќе ја изолира земјата и нејзиниот народ, откако сè поголем број мултинационални бизниси ја исклучија Русија од виталните финансиски услуги, технологија и различни производи за широка потрошувачка како одговор на западните економски санкции и глобален бес поради инвазијата на Украина.
Американските компании за кредитни картички Виза, Мастеркард и Американ Експрес рекоа во текот на викендот дека ќе ја прекинат услугата во Русија. Јужнокорејскиот Самсунг Електроникс, водечки снабдувач и на паметни телефони и на компјутерски чипови, соопшти дека ќе ја запре испораката на производи во земјата, придружувајќи им се на другите големи технолошки компании како што се Apple, Microsoft, Intel и Dell.
Д.М.