• Latest
Фото колаж по повод 2000-то издание на „Слободен печат“ (архива на ЦИВИЛ)

Неуспешни политичари и квазимедиуми сакаат да го урнат угледот на „Слободен печат“

February 3, 2021
Никица Корубин, панел на ЦИВИЛ "Демократско наѕадување: Импликации и последици", 9 октомври 2025
Фото: ЦИВИЛ

Корубин: Во демократијата секој од нас учествува во одлучувањето и управувањето

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен: На ЕУ и се потребни побрзи одлуки за зајакнување на конкурентноста

October 22, 2025

СДСМ: Тоне ВМРО-ДПМНЕ – ние ја продолжуваме битката за уште 17 општини

October 22, 2025
Фото: Б.Јирдановска / ЦивилМедиа

ЕУ подготвува план за користење на 176 милијарди евра замрзнати руски средства за заем на Украина

October 22, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски: Русија не чувствува доволен притисок за крај на војната

October 22, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

СЗО: Здравствената катастрофа во Газа ќе трае со генерации

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

Руското влијание врз локалните избори 2025: Про-руски партии, финансиери блиски до Москва, руска пропаганда во медиумите

October 22, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Неуспешни политичари и квазимедиуми сакаат да го урнат угледот на „Слободен печат“

February 3, 2021 16:13
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото колаж по повод 2000-то издание на „Слободен печат“ (архива на ЦИВИЛ)

Фото колаж по повод 2000-то издание на „Слободен печат“ (архива на ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Тенденциозно се објавуваат непроверени информации и лаги за „Слободен печат“, со цел политички да капитализираат маргиналци на нашата политичка и општествена јавна сфера, а со цел нашата и Ваша компанија „Слободен печат“ да се прикаже како „крадец“ на јавните пари.

Деновиве нашата компанија „Слободен печат“ е мета на хајка на маргинални личности (политичари во обид и луѓе без професија) и квазимедиуми (без познат сопственик и одговорно лице, „фантом“ веб-портал), кои го избираат најнечесниот начин да дезинформираат, да „ставаат под лупа“, беспризорно да ја лажат јавноста. Сето ова е познато од минатото и од горчливата сегашност, кога фабриките на лажни вести забревтано функционираа, а и во денешнинава сѐ уште без никаква одговорност сеат „магла и слама“, злоупотребувајќи ја стекнатата слобода и „правото на соопштување мислење“ на ним својствен начин, надевајќи се дека ќе добијат некој поен во пресрет на локалните избори, или некакво минимално „внимание“ во слободниот медиумски простор. Слободата и демократијата подразбираат не само право, туку и одговорност за јавно изречен збор.

Имено, порталот Нетпрес, без каква било проверка на елементарни, лесно достапни податоци и факти, е искористен како „носач на информација“ во оваа валкана игра. Менаџментот на компанијата „Слободен печат“ сакаше да контактира со одговорните лица од „Нетпрес“, да достави валидни документи, аргументи, демант, со цел да се разобличи серијата ноторни лаги, но тоа е портал без одговорно лице и адреса, што само по себе кажува многу. Од кого се кријат и зошто?

Токму преку Нетпрес, политичката партијата во обид – ГРОМ, персонифицирана во извесен Виктор Грозданов и Стевчо Јакимовски – нејзиниот претседател обвинет во серија кривични пријава за разни злоупотреби на функцијата градоначалник на Општина Карпош, решија да го клеветат весникот „Слободен печат“, надевајќи се дека така ќе ја зголемат својата политичка релевантност, која во денешнинава се изразува во промили (не цел процент). Најжестоката кампања е „нормално“ фокусирана на Општина Карпош, Општина Струга, Управата за финансиска полиција, но и многу други општини и управи во нашата земја.  

Виктор Грозданов од ГРОМ (професија непозната), кој е редовен „муштерија“ на Нетпрес, на 29 јануари започна со најави што ќе објави „Нетпрес“. Тој напиша: „Општина Карпош. Ахххх, они ми се фетиш. Ама тоа ќе го објаснам на 03, фебруари (среда, среќен ден) со колумна чиј наслов е: Интервју со Мафијата за 3 милиони денари?“ (Извинете за лекторските грешки во цитатот, но така пишува Грозданов, кој патем нѐ обвинува и за неписменост).

Во меѓувреме, Јакимовски беше гостин на ТВ Алфа и го обвини градоначалникот на Карпош дека му платил на весникот „Слободен печат“ 50.000 евра за објавување огласи и информации од јавен карактер. Потоа, интервјуто на Јакимовски го „прераскажа“ порталот Нетпрес, а како подготовка на Јакимовски, Грозданов претходно ја подгреваше атмосферата со неточни податоци за огласи и реклами во „Слободен печат“.

Мора да ги разочараме Јакимовски и Грозданов со факти од документи, кои се јавно достапни на единствено релевантниот извор на информации – веб-порталот на Бирото за јавни набавки: „Слободен печат“ никогаш не добил пари за објавување огласи на Општина Карпош во износ од 50.000 евра. За запознавање на јавноста и на нашите читатели – „Слободен печат“ и Општина Карпош на 23.12.2019 година имаа склучено договор за закуп на огласен простор во нашиот весник, за објавување огласи, соопштенија и други информации од јавен карактер, а во времетраење од една година, со вкупна вредност што не надминува 1 милион денари со вклучен ДДВ. Оваа рамковна цена (износ) е постигната на јавен тендер изведен преку електронскиот систем на јавни набавки преку Бирото за јавни набавки, на кој рамноправно учествуваа и другите дневни весници на македонски и на албански јазик. „Слободен печат“ победи (меѓу другите учесници) на тендерот, нудејќи најниска цена на огласниот простор по пат на јавно наддавање. Во архивата на БЈН (Биро за јавни набавки) може да се види текот на аукцијата. Од склучениот договор за објавување огласи со Општина Карпош во рамковна вредност до 1 милион денари, Општина Карпош за една година (времетраење на договорот) потрошила вкупно 171.100 денари, или 17 отсто од предвидениот буџет (како што може да се види во документот објавен во скен-верзија на оригиналниот договор и преглед на активностите по договорот, а на порталот на Бирото за јавни набавки – „Известување за реализиран договор“). Значи, за ланската година за огласи од јавен карактер (огласи за вработување во Општината, презентирање разни проекти и сл.), „Слободен печат“ од Општина Карпош „профитирал“ во вкупен износ од 2.700 евра, а не 50.000 евра.

Новиот договор што е склучен на крајот од минатата година со Општина Карпош во идентична претходна постапка (тендер, јавна аукција, најниска понудена цена за огласување од „Слободен печат“, во однос на другите дневни весници – учесници на постапката) во текот на оваа година е со рамковна цена од 2.000.000 денари, но тоа е (повторно) рамковна цена, но не е и обврзувачки износ, туку план на Општината за огласување и прибирање понуди, а друго е колку и што ќе се реализира. Податокот колку од наведената рамковна сума ќе биде искористена за огласување на странците на „Слободен печат“, ќе биде достапен за јавноста по истекот на договорот. За сите други заинтересирани за овој податок до денес, информираме дека заклучно со 3 февруари 2021 година, Општина Карпош има искористено рекламен, огласувачки простор во нашиот весник во вкупен износ од 42.000 денари.

Грозданов, преку Нетпрес, меѓу другото, обвини и дека Општина Струга за огласување во нашиот весник „платила“ 12.980.000 денари, или 211.057 евра, врз основа на склучен договор, односно јавна набавка од 17.1.2020 година, при што Грозданов забележува: „Јас сум цврсто убеден дека Рамиз Мерку не е ненормален“. Му се извинуваме на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерку, за овој речник.

Вистината е дека Општина Струга нема склучен (никаков) договор со „Слободен печат“, а посебно не во износ од измислени 12.980.000 денари, или 211.057 евра; вистината е дека е извршена 1 (една) објава на оглас во износ од 12.980 денари (приближно 200 евра), но многу убаво „звучи“ измислениот податок од зборовите на лажговците, а посебно пријатно за оние со сличен „сензибилитет“. Грозданов овој договор го илустрира со податоци на интернет-агрегаторот Тиме.мк каде што може да се пребаруваат јавни набавки. Според него, тој таму пребарувал и дошол до таков износ. Се обративме во Тиме.мк и со документ им предочивме дека ваков договор немаме, дека таква постапка за јавна набавка не постои, по што добивме одговор дека податокот е преземен од БЈН. Но, по нашето укажување дека таков податок на веб-порталот на БЈН не постои, грешката е исправена. Ако сега побарате на нивниот пребарувач, оваа набавка не постои. А, како и да ја има, кога не постои! Дека не постои, пак, е многу лесно да се провери – на официјалниот систем на Бирото за јавни набавки, каде што пребарувањето покажува дека од 1.1.2020 до 31.03.2020 година Општина Струга нема ниту една постапка за прибирање или реализирање понуди за огласување во медиуми (https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/contracts/0)

Грозданов наведува дека треба сите да сме исплашени кога Финансиска полиција си дозволува плаќање оглас во „Слободен печат“ за 236.000 денари. Па, уште инсинуира дека станува збор за еден оглас. Вистината, повторно поткрепена со документ/факт, е дека „Слободен печат“ и Управата за финансиска полиција имаа склучено рамковен договор за огласување во периодот од 8.11.2019 до 7.11.2020, во износ од 236.000 денари. Рамковен договор, потенцираме уште еднаш, претставува процена за евентуални идни потреби за огласување и се предвидува според буџетот на извесна институција, затоа што вообичаено вакви договори се склучуваат еднаш годишно. Рамковната сума ниту е задолжителна, а во нашиот случај е и многу ниско искористена, за што преку Бирото за јавни набавки може да се добие известување за реализираниот договор. Според ова известување, достапно до јавноста на порталот на Бирото за јавни набавки, искористени се само 11 проценти од предвидениот буџет, односно Управата за финансиска полиција на „Слободен печат“ за огласување за цела година и времетраење на договорот за огласување јавни информации, му платила 25.960 денари (https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-realized-contract/1193084d-949e-4bfa-805f-9fc8e044b4c0).

Да повториме, сите добиени тендери за огласување јавни информации врзани за „Слободен печат“, искористените средства од страна на јавните органи и управи – се јавно достапни и лесно проверливи на порталот на Бирото за јавни набавки.

„Слободен печат“ прв и последен пат се впушта во преписка со наведените лица, не со цел да демантира лаги и изречени будалштини и квалификативи, туку на нашата јавност да ѝ претставиме – преку нашиот пример – како функционира создавањето и ширењето на лажните вести и обидите за дискредитација на медиуми, а зошто да не (така познато од минатото) и поединци.

На крај, за постоењето на „Слободен печат“ најмногу е заслужен неговото височество „нашиот верен читател“. Меѓу другото, од Грозданов бевме обвинети дека сме „неписмени“. По тој повод,  објавуваме две просто-проширени реченици од Грозданов преземени од Нетпрес:

„Морам да признаам дека дефинитивно како држава сме заробеници на невиден простотилук кој се манифестира во сите сфери на нашето општество. Впрочем на основа на искуство да кажам дека ваква „ЕКСТРЕМНА НЕПИСМЕНОСТ“ која се граничи со депресивна маничност се појавува токму во медиумите.”

Наградната игра за нашите читатели и за пошироката писмена јавност гласи: оној што во наведените (само) две реченици ќе го наведе точниот број лексички, синтактички, интерпункциски и други грешки на споменатиот Грозданов, ќе биде награден со комплет книги по избор на „Слободен печат“. Толку на темата „писменост“.

Менаџментот на „Слободен печат“

Мирослав Јовановиќ

Директор

 

П.С. Адресата на компанијата е наведена во импресумот на печатеното и на веб-изданието на „Слободен печат“

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    181 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ